женско (ср.)

Каде мало и големо, каде машко и женско, таму и јас!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
БОГДАН: Дај, што гњавиш, сунце ти женско.
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Жените зад грб му се потсмеваа: - Женско петле. Малку како нетокму е.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Бино даскалот немаше зборови да ја нафали по село, па дури со гордост ја извести училишната власт во Прилеп и владиката Глигорија во Битола дека кај него „прозирнило" и едно женско учениче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се занесе: како тоа дете ќе се стори момче или девојче. He е важно што ќе биде машко или женско.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Море го направи, Доле, кусур господ да ме направе, токо којзнае шо ќе речат виа орјатки — еснафките; којзнае дали не ќе ми се сторе некој ќодер на чупето, којзнае, само меѓу волку машки магарчиња едно женско дали не ќе ми го напаѓаат?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Шестото навистина го испи малку побавно, но никој тоа не го забележа, на седмото виде само Трајанка и ѝ затупка срцето што ќе излезе победник, на осмото децата почнаа да му се смеат дека не може ни колку едно женско да биде јунак, на деветтото одвај го качуваше ридот а кога дојде до половината на десеттото, којзнае како стана, но се закашла и не го допи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Имаше пари, женско друштво и самоувереност. Тоа беше сѐ.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Бојан се наведна, го фати внимателно јагнето за задните нозе и го поткрена: - Женско е, - рече. - Ќе го викам Снежанка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Катето поцрвене кога му намниса за мажење, ама нели е женско и веќе во седумнаесет години, тоа знае дека така треба да биде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Штом ќе се разгласеше дека војната завршила, луѓето сета комина што ја имаа (од сливи, од дренки, од муренки, од грозје, од кајкушки и оскоруши) ја вадеа од бурињата и ја носеа на казаните крај езерото да ја печат; се носеше и комината од црковните сливи и лозја и деноноќно се печеше ракија, и деноноќно се пиеше; пиеше старо, младо, машко, женско; како што капеа казаните - така луѓето со чашки, со филџани, со канчиња, со матарки, црпеа од ракијата, пиеја, наздравуваа еден на друг, ѝ наздравуваа на слободата, се бацуваа, пиеја колку што душата им сакаше и не им сакаше, кој како ќе се испијанеше скокаше сосе алишта во езерото или пак луѓето го пикаа да го оладат и отрезнат; но по секое отрезнување - започнуваше ново пиење.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Затоа денес во Розино и машко и женско, и мало и големо, и ученици, и деца и старци, сѐ што е работоспособно - со кошнички в раце по градините берат ружи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Уште мајка ми велеше: „Кога се раѓа женско и стреите плачат“. Јас тогаш не знаев оти така ми вели мајка, ама сега знам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И пак се сеќавам на зборовите од мајка: ״Кога ќе се роди женско и стреите плачат“ . Ја наведнувам главата, ја кријам во рамената, во шамијата, ама не се крие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нели си родено женско - колнато си.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И машко и женско, и мало и големо, и христијанско и турско, христијаните крстејќи се и во истото време изговарајќи Господ да го дочува во живот Лазора, а Турците, на чело со Тахир бег Јаузоски, кој и заборави да го прошетува Мурата, Ај анасана, ај џган, уште од раното се купчат на портите, на срецело пред дуќаните Акиноски и на чешмата, на бунарите, во дворот и на чардакот Акиноски и само за тоа зборуваат: минатата сабота токму во време пладнина, нивните мажи, главите на сојовите, се нашле таму во Прилеп, на Али Чаир, за со свои очи да се уверат во силата Лазорова, и за потоа со свои очи да го видат нештото кое тука, на лице место и пред сета насобрана народија, ќе му го прекинеш животот на човекот, а кое не го стори тоа, не го однесе на оној свет, само затоа што е Лазор голем и силен како никој друг на земјава, па ножот и куршумите, кога влегле во месото негово удриле на коските и тука се запреле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Попот јаде маслени јагули со црн пипер и лук и не може без женско.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ова, проклетство било да си жена, женско.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така: машко, женско, машко, женско...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се наредиме вака: машко, женско, машко, женско.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе