ехо (ср.)
- Ниривина, кричев во очајот како ѕвер. - Ниривина. Секој ќош на собата ми враќаше ехо. - Модри печати на вратот... - Ниривина!
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Грмотевицата се разнесе низ ноќта, се одби од долот и се изгуби во празно, пискотливо ехо.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Кога го чу својот глас, развлечен и матен како закан, како порој на оловни слогови кој не ги бришеше сенките на патот туку ги оживуваше, го влечеше по себе сенките-сведоци или јатаци, сеедно, до една бездна во која беше сѐ непознато и над која веќе немаше ништо освен ехото на тие слогови - „Да живеат сите ножови на светот!“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Заборави и стана длабоко ехо на самиот себе.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тој звук се качуваше полека по неговите мускули и се спојуваше со ехото на неговите слепоочници.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Каде ќе можеш да слезеш до дното на душата, каде ќе помечтаеш, и каде ќе излееш горчина, ако во домот, ако во твојот сопствен дом не најдеш, за сето тоа, одзвук, ехо...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Како ехо на неговиот извик, однадвор се чу пеење.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Истрелот одекна со кристален ѕвекот, како сета ноќ да потрепере со соодветен прекор по своите безбројни, невидливи, полилеи, а после се разнесе во осетливото ехо, многу слично на онаа гладна волчја песна.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ехото одекна и се изгуби низ гората.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Пукаа по повеќе одеднаш од што прво под себе ќе почувствуваа тресок, а потоа наидуваше некој татнеж што како облак што оди и по земја ги заплиснуваше, одминувајќи и јачејќи во ехо некаде по планињето зад нив и под езерото.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Секаде има шум, со шум си заобиколен, тој не те напушта и во длабините на градскиот парк, а како ехо се носи и се слуша и во пазувите на Витоша.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Благодариме!... и натаму ќе те пресретнуваат познатите зборови или ехото на истргнатото ...најважна е неизвесноста вели тато пази ја светлината на првата страница колку бавен ни се чини и долг почеток на нејзниот од но книгата веќе ја отворивме и ти патуваш сине излези од бањата не свлекувај ги тревожно измокрените гаќички туку појди по блесокот прескокни ја корицата- ограда остави ја оваа страна мене домот мртвите сестри и браќа онаму е поезијата ќорлестото маче со рахитични предни нозе ќе биде твојот водич токму тоа мачето кенгур ќе те изведе низ светот на прекршените огледала и зборот осамен што толку патетично ти звучи сега таму ќе биде највистинското задоволство ќе му припаѓа само на твојот сон ќе се гнезди само во твојот занес трагај... тигарот или полезноста на проекцијата на законите на џунглата врз собната атмосфера ...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
...големиот закон на природноста наспроти квадрантите промислата наспроти оправдувањето лебедот наспроти кристалот крв слободна од телото се простира пред окото зад извикот таму каде чека твојата сребрена чевличка твојот заден траг... знаците од сонот или сонувачите како алтернативци ...отежната од змиските клопчиња гранките се веднат скоро до паднатите лисја зошто оттаму од живите шуми ме потсеќаш на своите боси стопала јас не сум лошиот родител ниту ти оставеното дете тие чудовишни црнобели слики се сосема предвидлива компензација за отсатноста сонот место допир декорот го бираме наизменично ноќва се моите змии шумите следната ноќ возењето во спротивна насока распарченото тело на асфалтот крваво што го љубиш осветлена во трикото на невина балерина потоа јас летот над градот по ехото на твојот глас па ти појадокот во природа со заборавените заеднички пријатели...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Истрел, блесок во шупливо око на офицерска кубура, визуелно ехо на нова далечина и јужна светкавица.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Грмотевицата се разнесе низ ноќта, се одби од долот и се изгуби со празно, пискотливо ехо.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
До нив, како да се веќе под иловица, достасува ехо, двојно, на два јазика, но со иста смисла, нешто како ако ти е жал за мене , земи копач откопај ме.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Дури и рамото ми се стресе од пукањето, а во ушите ми ѕунеше додека слушав како ехото од далечните врвови го враќаа до нас грмежот од испуканиот куршум.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ехото доаѓало од две страни, од местото на ранетите и од дувло на ноќна птица; потоа бувот му се вратил преплашен на својот мрак - оние што не биле зафатени со ранениците се раздвижиле преку чуките и по суводолиците да го собираат заборавениот добиток.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- А каменот? – саскањето на сопствените зборови му наликува на придушено ехо од пеколот – Откаде тој кај тебе?
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Во тие денови на младоста, кога смртта беше толку далеку, времето не беше време, а староста беше само оддалечен ехо од некоја спилја.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)