еуфорија ж.

еуфорија (ж.)

Тоа е миг кога окото човечко е под опсада само на едно делче на светот пред кое другите нешта престануваат да живеат - светлоста се повлекува во темница, звукот се затвора во школка на тишина, мислата останува скаменета, нема небо, нема земја; сѐ е магла во која, дури и без тебе телесен, живее единствено предметот на твојата еуфорија со која само среќните старци и се предаават на смртта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Потребни се околу 20 до 30 печурки од овој вид за халуциногено искуство, но затоа, само три или четири се доволни да предизвикаат чувство на еуфорија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Со исклучок на Валиумот кој предизвикува чувство на лесна еуфорија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Поволно избивајќи на виделина за време на еуфоријата од нашата победа во битката, оваа уметност беше промовирана како форма на визуелна репрезентација супериорна во однос на сите други, посебно во однос на социјалниот реализам.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Позитивни искуства: Хероинот потиснува секаква физичка болка создавајќи чувство на еуфорија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ако ги елиминирате популистичките национални еуфории и ситните манипулации на овој план кои не се ништо друго туку само една бесполезна ниска страст за масите која во фундусот на историјата неминовно завршува или како евтин културен и политички кич или како невкусен и дегутантен хорор, националната еуфорија може да биде позитивно користена од визионерите на општеството, уметниците, научниците и политичарите хуманисти како генератор на големи уметнички, научни и социјални потфати.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Нејзиното враќање се случуваше во зенитот на сталинистичката еуфорија во Албанија и отворените диригирани непријателства кон Југославија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Еуфоријата што ме опфати беше неопислива.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Му беше јасно дека сталинизмот, во еуфоријата на победата над фашизмот, во првите години, не си ги беше покажал вистинските заби на Балканот, макар што овде имаше многу прилагодливи волци, готови да го овековечат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Познато е дека луѓето под маска доживуваат еден вид транс, затоа што се наоѓаат на тенката линија меѓу идентитетот и алтеритетот, меѓу она што сум јас и она што ме прави маската (не-јас); во таа двосмисленост на идентитетот (како и кај проклетиот формулар што се вика пристапница) се состои трансот, карневалското чувство на еуфорија; во такви услови анално-гениталните опсесии стануваат неминовни (по тоа не се разликуваат партиите и карневалите); и треба да се види допрва зошто двојството на идентитетот, по правило, кај сите народи и култури, се сврзува со анално-гениталната метафорика.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тргнав во еуфорија кон скалата, со чувство дека сум семоќен, ја зедов (а и самиот не знаев, во тој миг, зошто ја земам), ја кренав и на ум ми дојде луда идеја: „Ако можам со моторот, зошто не би можел да стојам во воздух и со скалата?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Она што возбудуваше во целата таа работа (а јас подоцна го најдов во една француска книга на еден познат антрополог, што ја купив во Париз, при едно гостување на циркусот), е што партијата на Луција нѐ врати назад, на едно порано еволутивно општествено скалило: во добата на примитивните, со транс и еуфорија опседнати општества, таканаречени дар-мар општества, каде основни форми на општествената комуникација се маската и трансот; пред тоа живеевме во таканаречено општество со книговодство, во кои мимикријата, маскирањето и занесот исчезнуваат (затоа комунизмот беше помалку жив, одвратно немагичен и црно-бел по однос на општеството што го градеше партијата на Луција) и се повлекуваат пред компромисот меѓу наследството и способноста, кои се два основни фактора што ја определуваат иднината на единката во тие општества.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дури и во неговата родна земја, во која не му се приклони на фашизмот, во периодот на сталинизмот, сакаа да му организираат заседа, односно стапица, откако го ликвидираа неговиот брат, поради англиската врска, да го судат и него поради антисталинизам, поради ревизионизам и што ли сѐ не беа спремни да измислат, во еуфоријата на големите ликвидации, во таа бесна синдромска фаза на саможртвување и на самоуништување.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Другарот Чапаев продолжи со истиот занес: - Ние не ќе можеме уште долго да живееме со победничката еуфорија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Еве, и ние, веќе неколку години не можеме да излеземе од победничката еуфорија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Со својата еуфорија за градење, со својата слика за себе како за творец на новата посткомунистичка, постјугословенска Македонија, како вистински романтичар, тој покажа целосно непознавање на суштината на политиката.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Над џбунките глава на старец шета или еуфорија на доцното лето.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Можеби причината беше немоќта да се создаде новиот идентитет на југословенската федерација на народи и народности врз хармонија на разликите, низ граѓанскиот демократски модел кој фаќаше корен во земјите во кои се урнуваше еднопартискиот систем, а не врз хиерархиска предодреденост на народите, врз потрага на конфедерален излез и други амортизери на монистичката исклучивост, која подоцна ќе мине и во националистичка еуфорија за владеење над своите и другите!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зошто да не ја замоли Јованка да го потсети на некои од поединостите што можеби не му паднале на ум, не ги забележал, или пак му се измолкнале од вниманието додека ја земаше поканата во оној налет на еуфорија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А тој беше толку многу радосен да ги собере сите и од возбуда и еуфорија навистина правеше лудории.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Повеќе