естетизација (ж.)
Се работи за вишок на естетизација и уметничка трансформација на секојдневното: машината, според вообичаената претстава, е неуморен конструкт, „дига рака“ на самата себе, се уништува, а притоа насилството го извршува на што е можно поестетски, сетилно привлечен начин.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
И тоа е естетизација, ако сакате - кореографија на анархизмот.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Фразирањето овде треба да се сфати дословно, до степен што реферира со една конструктивна естетизација, или текстуализација, на нашиот секојдневен живот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)