ергеле ср.

ергеле (ср.)

Дадено на ќаата на везирот Мустафа 26 сефер 973 год.   И Сефедин доби еден арапски коњ од султановото ергеле, го кладе ферманот во џебот и за дваесетина дена се врати во Прилеп.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој го виде во својата фантазија тој негибнат крај Мариово. My излегоа пред очи богатите села и селани домаќини, кои имаат полни ќесиња пари, булуци овци, сурии говеда, ергелиња коњи и наеднаш си претстави како сето тоа по пет-шест дена ќе биде негово и тој ќе стане најбогат човек не само во прилепската нахија, ами и во целиот битолски санџак, бидејќи целото тоа богатство ќе им го земе на селаните и нив ќе ги подјари да работат за него, да му робуваат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
По обиколката на Имотот, при којашто тој и другите главешини (на предлог на мажите што го пречекаа и кои и понатаму го придружуваа) си избраа коњи од ергелата, Потковицата, заедно со Имотот, заедно со стопаните, заедно со сите нејзини жители и со сиот нејзин синор, од свое име, и од име на победоносната војска, му ја подари на својот султан, како израз на верна љубов и длабока покорност.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од ергелето од двесте и педесет коњи, еден дел патуваа како мои карвани по Румелија и до Цариград, а друг број ги давав под закуп.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За човек да биди среќен, важни се некои други нешта во живото, многу подлабоки од убав автомобил или коњски ергели.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
На другите фотографии имаше луѓе околу ергелата со штаерски коњи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)