емпатија (ж.)
А: Наеднаш ме обзема некаква емпатија кон него.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Што се однесува до конзервативните „драпачи на јајца“ и нивната „трогателна“ љубов кон „старините“, за нив можеме да имаме ситно и дискретно сочувство, скромна но и смешна емпатија поради духовниот кафез во кој живеат.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
И Симон е тип на интелектуалец кој оптира со политиката иако декларативно стреми кон универзалното Добро, но и човек за кого не е сосема извесно дали е способен да го почувствува и страдањето на поединецот, дали неговата хуманост и емпатија се наоѓаат само во зборовите, во интелектуалниот порив, но не и во срцето, и дали затоа во оној момент кога тие преминуваат во дела, доживуваат крах.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Уште при средбата со него во Долнец, забележав дека во него се кошкаат еден опсесивен собирач на голи факти и еден љубопитен посматрач на туѓите судбини, полн со емпатија.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
За да се развие емпатија и солидарност. И за нешто да се научи.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Заблуда која трае вечно, Измама без крај, Користење на емпатија, сочувство и туѓа нежност, Поговорки, верба,идеал. за мрачни цели, без крај.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Понекогаш ми пречеше што сум толку емпатична, затоа имаше периоди кога се дистанцирав од луѓе зошто ми пречеше постојано да ги впивам туѓите емоции.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)