елоквентен (прид.)
Едно лето, опуштен во меката фотелја на апартманот 15 во луксузниот хотел „Сплендид“, реши да почне со пишување на елоквентни статии за левичарските студентски весници.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Елоквентниот Месади, откако ја отвори свечената седница и го поздрави со избрани зборови врховниот борец Хабиб Бургиба, ги претстави и претседателите на дваесетина стари и нови партии, кои требаше да се претстават со своите нови програми.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
- Се извинувам за мојата неинформираност, знаете, змиите не се во мојот домен на интереси и истражувања. - Аааа ... почнавте елоквентно да се правдате, а?
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Падавичарот Кољо беше карикатурален лик кој сакаше да остави силен впечаток во јавноста по својата елоквентност и начитаност, но неговата беспрекорно јадна харизма сериозно му го нарушуваше планот за некој посериозен успех.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Се загревам со двосмисленост. Елоквентните забелешки ја истегаат дискусијата.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Костим, гламур и елоквентност нема да ја скрие твојата подлост ниту пак црвениот килим и раскош нема да занемари колкава си курва
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)