елиминација (ж.)
На мој начин навлегувам во срцето на материјата користејќи ги процесите на елиминација.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Само еднаш Винстон улови една реченица - „целосна и крајна елиминација на Голдштајнизмот“ - исфлена со голема брзина и, како што изгледаше, целата во еден дел, како печатарски слог излиен во едно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Амстердамскиот договор од 1997 година и Шенгенскиот договор од 1999 година создадоа простор креиран да промовира економска либерализација, особено поголема мобилност на капитал и работна сила во рамките на ЕУ преку елиминација на граничната контрола меѓу земјите членки.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Ариел Шарон не мируваше. Негова крајна цел беше отстранувањето, елиминацијата на Арафат.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Татко беше добро упатен во целите на Ататурк кои беа насочени главно кон религијата, поточно на нејзината елиминација како наследство на Отоманската Османската Империја.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Дали елиминацијата на опасните балкански турцизми, како што ги разбираше, ќе влијаеше врз воспитувањето на идните генерации, или тие ќе завршеа како обични јазични анахронизми кои луѓето ги напуштиле?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)