елан (м.)
Татко ми сигурно чувствуваше дека гладот, речиси хроничниот глад во семејството ги свенува нашите души, насетуваше како замира нашата врева, без која му стивнуваше и еланот да чита, да мисли.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Нејзиното тело како да влеваше дел од својата младост и елан во неговото.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Мораше, конечно, да се соочи со вистината дека, без големиот Татков занес, што го попречуваа други, без неговите силни илузии дека некаде ќе заминеме, како некогаш, по кружниот пат на јагулите, во потрага по некој друг пат на враќањето, ние го губевме еланот за опстојување, надежта...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Доволно силна за да го надомести изгубениот елан поради неостварениот филм.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Не сакаше да го запира нејзиниот елан во зборувањето, во тажаленките што ги пееше, за блиските починати.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ги читаше Татковите книги со голем елан, чиниш подмладена.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Откога ќе дознае што има под него, веднаш го менува своето мислење: станува поспособен со поголема самодоверба во себе си, добива елан да продолжи да твори, добива мотив за креирање и изнаоѓање на модели да го промени тоа.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тогаш ние бевме млади, исполнети со елан, ентузијазам, верба, храбри и посветени на идеали, секогаш готови за саможртва.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Немам разбирање за сите, кои ја искористија нашата младост и храброст, нашиот елан, јунаштво и верба...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Како да испарила секоја капка животен елан и се тетерави на брановидните ветровити патишта.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Требваше и виде колку беа весели, стреќни и полни со борбен елан.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Татко не сакаше да го запира работниот елан на својот пријател кој беше во нагорна линија, се согласи да продолжат да работат до исцрпувањето на листата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)