експресивен (прид.)
Гедел (Goedel) 1931. год. проучувал логички системи кои биле адекватни, во смисла дека имале доволно експресивна моќ да ги изразат вистинитите тврдења во аритметиката, независно од тоа дали можат да се докажат, и кои биле конзистентни во смисла да не може во таков систем да се докажат и некое тврдење и неговата негација.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Експресивноста на стариот Микеланџело, кој како подобро да ги познава бездните на пеколот од Данте, го разорува статичкиот поим за хармонија и неговата рационална техника на скусување.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Вистински пробив во разбирањето на самоорганизирањето на домашните територии со помош на мозокот и околинските експресивни квалитети, се случува во рамките на една уште помлада гранка на ВИ: бихевиорално-заснованата ВИ (или, како што понекогаш ја нарекуваат, животински пристап).
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Да биде експресивен, драмски историчар на светот?
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Иако драмата „Вештерка со избушен јазик“ страда од одредени слабости (малку се повторува, малку драматуршки шлајфува, малку премногу има содомија во недостиг на подлабока фантазија), таа сепак и пред сѐ е една автентична поп-драма, доволно снажна и експресивна за да засени 95% од јаловата македонска книжевна продукција.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во тој расказ аргатската врзаност за земјата и летот на душата кон небото дадени се со ретка експресивност.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)