експериментатор м.

експериментатор (м.)

Ние ако сакаме да имаме чиста совест пред нашиот народ и пред себе, треба да ги земеме на себе и најмачните научни работи за да му помогнеме, а не да се изговараме, избирајќи го најлесното, дека немаме способности или влечење за оние науки што бараат најмногу труд и желба за работа. 56 Културното работење е поморално од револуционерното, зашто со првото интелигенцијата се чини вистински слуга на својот народ, а со револуцијата таа се обрнува во немилосрден експериментатор.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Современата уметност бара пресврти, експериментатори и бунтовници.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Може дури да се рече дека експериментот го покажува постоењето на ништо друго туку на самиот Павлов, или како што вели Лакан: „во овој експеримент не постои друг субјект, освен субјектот на експериментаторот“. *****
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)