екскурзија ж.
екскурзијант м.

екскурзија (ж.)

Есени, таа сосема сама. квечерина стои крај прозорец, пие чај и се сеќава на последната екскурзија.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Девојките пееја и се однесуваа како да се на ученичка екскурзија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Маријанти со некаков свечен глас рече дека ќе одиме на екскурзија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Беше лето, - почна тој - кога јас, покојната ти баба Елена, мајка ти и тетка ти Ана (Оце беше уште бебе и ја оставивме во Битола со баба ѝ Менка и дедо ѝ Марко), тргнавме на екскурзија на Пелистер.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Веројатно некоја ученичка што со екскурзија го посетила бродот тука ја заборавила.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Еден ден нѐ одведоа на екскурзија до големото пристаниште.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Слеговме во Стоби; тој ме држеше за рака; немаше во тој допир ништо сексуално, ништо еротско; ме држеше како да е светец и како да сака да ме воведе во света тајна; одевме, и набргу се најдовме на местото каде тој се имаше опиено, пред толку години, на екскурзијата, крај мозаикот со паунот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
По две седмици, се случи уште нешто. Беше јуни, крај на училишната година, и целата гимназија одеше на екскурзија во Стоби.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Теми го погледна Влатко - погледот искажуваше задоволство дека ќе одат заедно на екскурзија.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Остани во Скопје, тукушто вратен од матурската екскурзија.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Книшката понатаму ти овозможува користење на јавен превоз по поефтина цена, а поеднипати и гратис екскурзии.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Кога завршивме осмо одделение, за мала матура организиравме екскурзија околу Балатон (тоа е единственото езеро во Унгарија и многу е убаво!).
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Јас бев прва година на факултет кога мајка ми отиде на апсолвентска екскурзија во Русија (тогашен СССР) со студентите од Шумарскиот факултет.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Можете да замислите каква хигиена било тоа за нас, ама не можете да замислите каква екскурзија на мозокот сме си направиле зашто нашата прошетка од 12 чекори нѐ чинеше двојна доза од гинипралот, што во превод значеше дека срцето ти чука како лудо вљубено, телото ти скока како да ти е астрално до плафон, а, што е најстрашно, на дежурство на доктор кој ни во сон не сакаш да го погледнеш, а камоли да ти го погледне стомакот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ја запозна со голата лага за големата љубов од матурската екскурзија. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беше секогаш во нејзините мисли низ целата екскурзија и еве го повторно токму сега кога и најмногу го посакуваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Уште во првата моја овдешна екскурзија, Стомачето почна да се ангажира да ми најде работа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Ќе ѝ ги исполниме и двете нејзини желби, ќе ја пуштиме на матурската забава и на екскурзијата низ Југославија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)