езеро ср.

езеро (ср.)

Еднаш се преесапил, како да е во Охридско Поле и Струшко, чунки тамо имало езеро, да може морето да ја донесло гемијата во езерото и тамо може да се скрши и тој излегол.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Се гледаат долу езерата глатки в далечина тиха, во синило млечно и ветерот носи уханија слатки за тие што овде почиваат вечно.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
В полноќ се над ним дрвјата од жалба силна свиваа - горските бистри езерца в силна светлина светеа.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Не мислеше ништо, не слушаше шум, а земјата под него се лулееше како езерски бранои; му се стори како да се наоѓа на каик, а модрината на топлата летна ноќ му се причини како лесно разбуричкани води на мирното езеро.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Место тоа сега се’, и работата на бригадирците, и каналот, и она блато што светкаше на сонцето како мало езеро сред непрегледната зеленина на полето му се виде неинтересно, бесмислено и глупаво.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сум гледал рујна пролетна зора, сум гледал орел во крилен лет, сум гледал реки, езера, мора, ­ но како тебе прилеган Пирин не видов нигде на овој свет?
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Далеку во мариовските ридишта, заградено од сите страни со дабова и борова гора, на дното на некогашното езеро се распрострело мариовското централно село Витолишча.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го гледаа белото блескаво езеро долу пред нив сѐ до малото езеро и мрачните албански планини, ги починуваа очите на зеленилото спрострено под нив, понекогаш ќе здогледаа срна како пасе мирно и одвреме-навреме уплашено ја крева главата да разгледа дали некој не ја демне, а живо задоволство беше кога ќе се појавеше дива коза, една или повеќе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Врз едно невидливо катче од езерото, како непозната трпка врз телото, помина бледо, лесно разбранување.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Селската врева ги бакна усните замислени и очите запловија во зелените езерца на ридовите.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
3. немир Но веднаш доаѓа нешто што личи на превез од плач оти е многу густа поплавата од изневерени спомени па долго треба да рониш додека се уловиш себеси – шкољко од премногу лажни и премногу ретки бисери Оти е голем тој град со огромни риби од улици што безредно пловат по немирното езеро од сонце во кое лесно би можел и безразложно да се изгубиш
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
- Боите на езерото... Можат ли да се пренесат на платно боите од очите на цел еден народ?...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Пред очите му играше езерото, како да беше големо, бескрајно платно по кое друг, невидлив сликар постојано поминува со својата четка, му ги менува боите и дава сѐ понови и поубави тонови.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Езерото затрепери, порумене и им ја раскри својата длабока град на сончевите зраци.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Го испратија заедно со другите деца од улицата, во една голема група што одеше на летување на езеро.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Езерото беше убаво, но што кога не можеше да го преплива!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Мислеше на езерото, на капењето без сапуница, а најмногу мислеше на тоа дека ќе прави сѐ што ќе посака.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Царот се викал Самуил. Во Охрид имал царски дворови, кои се наоѓале крај самото сино Охридско Езеро.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И подоцна учителот го молевме да нѐ одведе в град, но тој постојано наоѓаше по некоја причина или ни ветуваше кога ќе учиме за езерото и рибите...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кога сонцето отскочи и се издигна над Охридското Езеро, низ струшките улици се разнесе еден глас: Ајде млеко!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Повеќе