езди (несв.)
Си имаме една земја, посна, сува, поскоци се ездат во неа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Рече дека може ко орел да езди и лесно, ко круши да симнува ѕвезди...
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Го виделе како езди низ полето, со пурпурна наметка што се вее зад него, и терајќи го коњот во бесен галоп, исчезнува пред вџашените погледи на војниците од градските бедеми.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Левијатан: бел кит
- пофалба на Моби Дик од Херман Мелвил -
Одмаздата е бел млаз, отровен Жрец
Човек не ти е рамен
твојот пат, божји прст
вперен и прав
одек на екваторот
заледена душа во топли води
одмаздата е млаз, езди на југ!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)