еднообразен (прид.)
Соѕидаа пондили, трла, гојдарници, коњарници, кочини, живинарници, амбари, а во средината на дворните места извишија четири еднаквообразни кули.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Не знам колку време мина
кога сонцето блесна од зад облаците
ги помести, ги разби
маглиштата и талогот
на еднообразноста
дрворедот се озари
доби лик, па одеднаш
некои чудни форми почнаа
да се об-јавуваат пред моите
очи
пред зумот,
пред заумот.
Ми се стори дека
од некаде надоаѓа нешто боготворно
светлината го овозможува
совршенството
но треба да го најдеш
барај
избегни ја судбината на
просечниот
ум, колатералната штета на
непросветленоста.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Кога седнаа, додека тој гостите ги послужуваше со супа, сепак, божем попатно, рече: „Намерно едната чинија ни е различна. За да ја разбиеме еднообразноста“.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
„И нам ни се случува да ја разбиваме еднообразноста“, рече сопругот гостин.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)