евкалиптус (м.)
При што никому од тукашните главатари не му текнува Да поведе сметка и за нас коалите Па на секој новодојденец да му наложи при цапнувањето во Австралија Да засади макар по еден еукалиптус За ние да можеме безгрижно да сонуваме И да си ја исполнуваме својата мислителска мисија А не да ни ги скусуваат соновите и од нашиот еукалиптус Уште да прават и некакви бонбони за шмукање Божем нема со што друго да го лечат народот од грлоболка Ние коалите не сме злопамтила Ама вие сега видете каков тоа човек создала работата И дали е баш вистински човек оној кој на коалите им зема дел од еукалиптусот Таквите во Македонија ги викаат човеци Некои од нив доаѓаат од стар крај со навики да крадат дрва за огрев Ама и кога крадат барем крадат дабови и борови а не еукалиптус
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Пред него се велеше спроти сонот и јавето Ама тој прв рече спроти јавето и сонот А после рече сонот против јавето или јавето против сонот И шуќур што јас си живеам на евкалиптус И си брстам ментолни лисја таман колку што треба А ако живеев на секвоја Секако трипати помалку ќе спиев И во долгото јаве ќе морав нешто и да работам Скраја да е секвојата и се гледа богати
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Како и да е на една опитна и достоинствена коала Која била на аудиенција и кај Римскиот Папа Секако ѝ прилега да верува дека толку време не сонувала попусто Сеедно што севезден се распространува општењето во здрав разум И што еукалиптусите сѐ повеќе се наврнати од кисели дождови.
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)