евентуален прид.

евентуален (прид.)

55. Мисирков го има предвид и фактот дека, и покрај тогашната силна романска националистичка пропаганда во Македонија, таа не може да претставува реална опасност за Македонците, бидејќи Романија нема никаков граничен допир со Македонија што да ѝ овозможи евентуално проширување на нејзиното владеење и во овој дел од Балканот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
— Сега ќе разбереме сѐ што ни треба, — му се обрна мудурот на јузбашијата и двајцата почнаа да кројат планови како ќе се заштитат при евентуален напад.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Оттука не нѐ чуди фактот што евентуалната легализација на марихуаната ужива најширока поддршка, иако некои на тој список би го додале и хероинот. Австралискиот социолог Стивен Магфорд предлага марихуаната јасно да се издвои од кокаинот и хероинот така што би се пуштила во слободна продажба, додека сите други дроги би се продавале врз основа на лиценца.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Земја во која комбинацијата на црвена кошула, жолти панталони, зебрасти чевли, кравата во „тигрест” фазон и виолетови гаќи со портокалова шрафура, не е знак за евентуален невкус.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
За евентуалниот недостаток на „вкоренетост овде“ (што можеби ќе го почувствувате), рутински ви се правдаме: нашиот дом под ѕвездите се маргините, т.е. ригите на костимот за капење (што фураат накај хаос, накај непредвидлива сложеност!) на давеникот во примордијалната супа, во млечната каша надробена со ѕвездички од тесто итн - апстрактноста е нашиот дом, така ли, за разлика од концептите за дом на господинот Контра Банда(ш), на пример.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Срцето му се стегна кога помисли на огромната сила што е построена против него, на леснотијата со која секој партиски интелектуалец би го победил во евентуална дебата, на суптилните аргументи што тој нема да биде во состојба да ги разбере, уште помалку да им одговори.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од гледна точка на нашите сегашни управувачи, според тоа, единствените вистински опасности лежат во евентуалното отцепување на некоја нова група на способни, несоодветно вработени и жедни за власт луѓе и од појавата на либерализам и скептицизам во нивните сопствени редови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Впрочем, тие го знаеле неговиот став и нивното евентуално среќавање можело да има само информативен карактер, Делчев, колку и да симпатизирал на нивната акција, бил револуционер кој ослободувањето го очекувал од свесната акција на широките обесправени маси и сѐ што правел на револуционерен план секогаш првенствено ги имал на ум интересите на Организација.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сè што може да знае и умее тој го става во служба на евентуален свој интерес.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И Ламсдорф и владите на другите големи сили, на прашањето: каков став ќе заземат кон едно евентуално востание во Македрнија, едногласно одговарале - ќе ѝ дадеме слобода на Турција да го задуши.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Притоа несфатливо грд ми се чинеше и навидум соблазнителниот предлог на Грофот, дека разбраниот и истинољубив автор, ќе си обезбеди ослободување од евентуалните обвиненија ако пројави спремност да соработува во расчистувањето на проблемите што се обидува иследникот да ги разреши.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како ќе заврши оваа нивна виртуелна и евентуална соработка, новинарски кажано, останува да се види.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И уште нешто што можеби ја објаснува суштината на проблемот и го прави беспредметен овој разговор: јас знаев, а и сега знам, дека ништо нема да потврдат дури и евентуалните надворешни сличности или разлики помеѓу нас двајцата, помеѓу мене и Јана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За нас дури беше поопасно испраќањето на писмото отколку евентуалното испраќање на каталогот од стоковната куќа Ла Ринашенте.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Фоте не му даде на Боге евентуална можност да се согласи, туку поучно го крена показалецот: - Пивото не се пие од две чаши. Ветрее.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Имаше извесна здржаност кај авторот во одреден период сакајќи да го избегне евентуалниот шок кај албанските читатели од материјата што дотогаш никој не се беше обидел да ја третира во албанската литература.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но прошетката ќе ги освежи, ќе запалат по една цигара, а сообраќајката е добро оправдување за евентуалното доцнење - рационално си ја сумираа ситуацијата, без поим во што се впуштаат.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Но импресијата и експресијата кај нашава поетеса не стојат во некаков јалов, одн. „школски”, коректен, корелативен момент од кој се забележува некаква „гола акрибија” или евентуален обид да се испроба вештината на „стилските вежби” во зададен поетички формат кој би бил самодоволен или „самозадоволен” од апсолвираната лектира...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Ја немаше заедно да го започнеме утрото, во долгиот пат на кој дотрајаната и амортизирана 23-ка ни помагаше да ги измокриме (или исплукаме) евентуалните каменчиња од бубрезите.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Би сакале уште да спомнеме дека не ја сметаме оваа студија за завршена целина која нема потреба од евентуални подобрувања.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Повеќе