дупнат прид.
дупне св.

дупнат (прид.)

Би требало, мислеше, вака дупнат некој со бич да те чешла.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дува, дува низ устата како низ дупната мешина и вели: - Носам важно соопштение...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Некоја колку една палце да пикнеш е дупната, вели, некоја колку една игла, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дури и лажица нема читава. И оние што излегуваат здрави, вели, и тие се дупнати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сите се распердушени, со искршени крилја и клунови, со дупнати мевови, со прекасани вратови.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како пред него да беа сите оние порочни грозоморници од времето на некој негов кој знае кој и каков дедо што со браќата донесол од прекусвет, од некој град на Турција, проказа, порочни грозоморници: сипаничави измамници со преостри ноженца под антериите, грешни старци со мирис на лој во брадите и момчаци со навики по кои лудуваа тие старци, цицачи и голтачи на ашиш, просјаци што ноќе стануваат убијци за дупнат грош, играчи со зарчиња, продавачи на деца и крстени девојки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
— На детево му е дупната главава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Небаре од дупната вреќа се истура.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Возбуден и без здив, со чувство дека е и самиот со дупнати гради, Онисифор Проказник го гледал сето тоа со замрзнат прст свиткан околу чкрапецот на кобурата и можел и самиот да се прослави со своите стрелци: еден од противниците просто како да му го нудел челото. Сепак - не можел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некои се наведнале и на стврднатата петица под дупнатиот опинок нашле стара рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога дошол, што да види: мешината со маштеницата дупната, млекото што било во кацата за биење истурено поземи и сите каци наполнети со брбушки од овците.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
А не ми ги дава. Немам, ми вели, стегајќи го купчето банкноти што јас ѝ го давам во нејзината дупната рака.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Постојано на главата го носеше дупнатиот шлем од Темелко што го донесе од Солунскиот фронт и маршираше по сокаците удирајќи со нозете колку што може и поздравувајќи го секого што ќе поминеше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Марки и долари – имаш ли? - Ништо. Џебовите ми се дупнати.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Пречки од играчки - стапови за хокеј, боксерски ракавици, еден дупнат фудбал, еден чифт испотени тренерки превртени наопаку - лежеа насекаде по подот, а на масата имаше куп нечисти чинии и тетратки со извиткани ќошиња.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Виде и дека е итра, и дека сигурно одоколу ќе покаже благост, за да ја скроти пред него својата сила, која избива грдо како шурка од дупнато црево.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
на дуњава има многу дупки: дупки во времето дупки на патиштата (кон посветла иднина) дупки во умот и помнењето дупки во историјата дупки на кофите дупки во самите дупки во дупнатите дупки секој глас мигум исчезнува нема довикување, нема ехо нема навивање за нашите нема паради на гордоста нема врескање во маалата нема лелекања во градските населби ги нема ни паролите на пролетерите од сите земји дупнатите дупки се царство на глувотијата, мавзолеј во изградба на глувата глувотија во глувите дупки оглувуват деца пред да вкусат кисела зелка а старците веќе одамна оглувнати го трпат неизбежниот пораз што пред да пропаднат во глувите дупки им го претставуваа како живот некои старци сакаат да им пукне бојлерот додека се тушираат арно ама во глувите дупки и бојлерите експлодираат глуво и на тој начин го даваат својот придонес во размножувањето на општата глувотија во која старците загинуваат од глуви експлозии.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)