дојденец (м.)
Тој Мирче беше дојденец од некаде и долги години слугуваше како момок по куќите.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Чинго бил во допир со еден нов говор создаван врз традициите на селото, врз мудроста на фолклорните сознанија, но веќе изменет со една нова социјална ситуација на селото во кое сè повеќе се создаваат говори на одделните занаети, говори на новата политичка ситуација на луѓето, говори на дојденците, на бегалците, на повратниците.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Хористите, со и без маски, грабаат од кошарата и танцувајќи по ритамот на блузот, со уживање ги гризат јаболките. таа во кадата или чинот на капењето како ритуална вертикала мојата пријателка ужива во решавањето еротски криенки низ антиката гилгамеш и енгиду ахилеј и патрокло како топли браќа незаситноста на хачепсут само (за) доволноста на хиполит ноншалантно како дома си влегува во неизмерната живост на паганските олимпи го бакнува кастор во левиот полукс во десниот образ со сибила ги претресува најновите пикантерии мислев се работи за умешност научена од библиотеката од таткото универзитетски професор по математика дека едно попладне не видов како се капе како си игра со сапунот по кожата силно возбудувачки сепак наивно така црномурестата египетска божица си играла во нил со младунчето хипопотам миноската голограда девојка со острите рогови на бикот дијана со шумските извори сосема лесно можев да ја префрлам во персеполис атена картагена нинива меѓу бадемовото млеко гулабовите очи јасминовиот цвет сокот од лилјан босонога ќе стапне меѓу нив во насмевката нитрага од исклештениот грч на дојденката најскриените катчиња на висечките градини се отвораат пред неа мокра сфинга сред куќните змии ограбувачите на пирамиди светите писма лавиринтите сиот си се вжештил ми вели не е тоа секс одговарам тоа е мит и влегувам во кадата есента веќе ги пожолти градските улици или фотоапаратот како детектив
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Луѓето го слушаа тоа и го заборавија - и мудрото објаснување на попот за дојденец, не туѓинец што понекогаш ќе привлече љубопитност но не и свој човек за кого блиските секогаш ќе најдат в срце трошка разбирање.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ни на дојденците, биле тие наши роднини или намерници, не им даваме да пеат и да се вртат на оро.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Очите ѝ биле поинакви кога погледнала во дојденците; го оставила јамакот пред возбудениот Куно Бунгур.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Всушност, какви закони споменувал пред тоа Доце Срменков, што сакал да им каже на дојденците додека ослепувал од утрено сонце?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ние дојденците немавме блиски, роднини во градот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
А татко ми, како дојденец, туѓинец во овој град, не беше мигрант како сите козари, туку емигрант, човек што ја минал границата, па мораше да биде видливо лојален, да не се замери, за еден ден, со семејството да го добие бараното државјанство, да добие потврда за лојалност кон новата земја.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И кој е тој? – Дојденик од туѓа непријателска земја, згора на тоа и емигрант! Тој ќе ни кажува! Емигрант!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Првиот апел на едно фашистичко или предфашистичко движење е насочен против дојденците. Така прафашизмот по дефиниција е расистички.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Затоа Херцеговецот само во вицот е дојденец.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
25. Бев дојденец во тој крај.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
5. Во тој крај бев дојденец.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Поклонувајќи му се на дојденикот дури доземи, човекот со разгорештени усни изусти: - Јас еднаш се зареков: Онему што прв ќе стапне во земјата Дардаванија, ќе му ги подарам сите ордени, сите родени и неродени скапоцености ...
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Но ако се случеше, како во мојот случај, дојденикот да биде „емигрант”, тогаш се ангажираа специјални служби, дури и Централата во која се вкрстуваа полициските, воените и партиските сознанија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Повеќето играчки, така живи, или само навиени, растрчуваат, се растрчуваат трупатурно, стрмоглавечки, молејќи го белобрадиот дојденик со тажни гласови и со навирени очи: - Земи ме, земи ме!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
И вториот ден покровителски се однесуваше спрема дојденците, дозволувајќи окото на небото да ги милува и да ги грее.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Вие дојденци, тој со жена си дојденци, па си реков, чуму да не се знаете.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Се потсетив тогаш уште еднаш на разговорот со дојденецот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)