дојава (св.)
А овие дојаваа на маски со кои постојано зборуваат како да се луше.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ограден со високи камени ѕидови и масивни дрвени порти, имотот претставуваше војнички предизвик за Турците но во истата таа мера се чинеше и неосвоива, па тие не го нападнаа; го заобиколија и дојаваа овдека, во Дупка.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Едни си помислија дека некоја нужда го спотерала да дојава до Потковицата, да си го поткова коњот или да купи нешто од дуќаните, други дека е некој бестрашен ајдутин или Турчин зулумџија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Власта, онаа вистинска, го заборавила селото, ако продолжи вака ѓаволот ќе дојава на кобила од чии ноздри ќе капе болештина, чума или такво нешто, потоа ќе се лепи за добитокот и за луѓето, мислеше некој од нив.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
- На тој коњ дојававме во планината.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Идеалот на обата големи лидера на арапскиот свет Бургиба и Арафат беше да дојаваат на бел коњ во ослободената земја.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Некои луѓе отворија чадори, други потрчаа по засолниште како да дојавале лично четирите коњаници на Апокалипсата.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
„Ќе одам до Фрио Сити денес, и ќе дојавам утре до твојот ранч.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Никогаш не помислив дека ќе минеш низ неволјите за да дојаваш дури до еден ваков стар, запустен ранч. Но, бескрајно си добредојден.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ама тој час - не би час! - згрмеа коњски копита и сред село пред црквичето дојава чета царски војници.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)