дошепне св.

дошепне (св.)

- Гледај сега, возбудено ми дошепна Цане, - Гледај... Гледав. Арсо се нишаше пред тапанот, пушташе некакви грлени извици, смешно подрипнуваше од нога на нога; кога го догледа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тој пречекорил некоку пати натаму, а кога застанал, пак расколебан од својата несигурност, мечката ја подигнала малку главата кон своето малечко до себе, го подушила малку и чиниш му дошепнала нешто притоа, како жена, покажала кон него, малото се свртело кон човекот и како дете, испратено да послуша нешто, дошло до него, завртело неколку пати околу него, со наведнат поглед што моли, а после седнало малку подалечку и го гледало, сосема исто како расплакано дете, дури така и бришејќи си ги солзите од своето лице со големите питоми шепи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Започна да трага – отпрвин незабележително, потоа сѐ понервозно; на третото зајдисонце, пред гробот на мачениците во апсидата на мартириумот, еден од доушниците му дошепна дека каменот е сокриен во домот на трговецот Моше, синот Азаев, во еврејскиот кварт.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ноќе, кога малата ќе заспиеше, долго водеа љубов, внимателно затворајќи ја вратата. „Поради комарците“ – му дошепна.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Документите дај ги - му дошепнаа на дедото од зад грбот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Му дошепна на Трим Тоска: - Абе слушаш ли, кај тргнал овој биљмез да нѐ праќа, дури кај диносаурусите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
За среќа никој не дошепнал дека јас сум ве пренел преку Езерото, преку границата. Чудно! Ќе настрадав.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
8. З-ум-ирање  Во тој миг прелетува пред з-умот избезумена птица листовите затреперуваат сенките ја подотвораат устата како да сакаат нешто битно да кажат  тој збор е дошепнат независно од тебе фотографијата го памти шепотот има сопствен слух лична архива своја база на умирачки.  Меморијата е во чудна несразмерност со пикселите, асовите: тие не ѝ се доволни ѝ треба око, окото на Господ 31посебна состојба на духот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Во ред. – се согласи дедо Ѓорќи, преплапен до гола коска, му намигна на Кире, се наведна му дошепна да избега некако дека ќе го чека на излезот од градот кај фурната.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тука бев можеби и посигурен”.  „Господ нека ни е на помош”, му рече во часот на разделбата.  „Мислам дека ќе одам на друго место”, му дошепна Готлиб гушнувајќи го за потивко да му дошепне: „Сега не е време да се биде дома”. 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Згора на се, швајцарскиот водоотпорен часовник дури сега, по толку години стаж разговетно ми дошепна зошто времето лета како што облакот лета пред ветерот и колку време треба да поарчи еден човек за најпосле да разбере колку е часот.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Љубовта моја нема моќ, да допре до тебе , да ти дошепне збор галежен , топол во оваа глува ноќ.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)