дофрли св.

дофрли (св.)

Жената ми дофрли: - Земи си ја својата ајдучка крпа. Ене ја, под дрвоно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој нѐ заплаши со тупаница и испрекинато дофрли: - Иш, скитачи...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога појде со стиснати усни низ стеблата, некој од селаните дофрли: „Оздрави и врати се, попе,“ тие танки, пајажести нишки не допреа до него, се распрснаа под зелените стеблаци и изгаснаа оставајќи ја недореченоста на луѓето да се грчи во некоја нивна внатрешна суводолица. Поп?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ги грабна кофите и одвај успеа да му дофрли на својот другар: - Манукот, манукот е долу!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„И вие сте обични ѓубриња“ , бесно им дофрли тресејќи ги со дланки беспрекорно испегланите сини панталони.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Беше исто како мечката да му дофрли уште некоја цинична потсмешка заради неговата лутина, во таа нерамноправна подигравка во која тој беше неспоредливо во подредена положба, без дури и да застане барем малку да го погледне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најпосле, секогаш бил сигурен во својата рака, кога имаше со себе една таква пушка и едно место, од каде што можеше да се дофрли на секој срт.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Татко му на Бузо позелене и зајадливо дофрли: „Ха, копилиња посинуваш! Малку ти се твоине.“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Сигурно не мислел дека и во трето одделение ќе седи во истата клупа! - дофрли некој.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ајде, наздравје косење! - дофрли Кирил и забрза по патеката кон стубелот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Море, што повеќе нека има...” дофрлуваше кафеџијата Јандро не можејќи да престаса со пијалокот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Ние имаме повеќе ловџии од зајаци и еребици! - му дофрливме шеговито на Коле.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во Париз, на пример, се смета навредливо и многу просто ако загледаш некоја жена или ѝ дофрлиш некакви непријатни зборови, но на секоја од нив можеш да ѝ се приближиш ако носи со себе кученце и ако тоа го држи в рацете - можеш да го помилуваш, а пак дамата за ваквиот гест ќе те награди со насмевка...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Здраво – ми дофрла. Не стигнувам да му одговорам затоа што е веќе кај свијокот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Ти со тие твои глупави дофрлувања ми одиш веќе на нерви.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Уште од рани зори момите и невестите, засукани високо над колена, ја газеа калта, притоа низ песни им дофрлаа на сосетките: Нашите црепни најлични, вашите црпни - црепутки Митро ле, моме најлично, али ти земја грутлива, али ти криви нозете, што ти се црепни - црепутки? - Ихиии!...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Веќе не му верувам на писменцето што ми беше дофрлено: „Дадовме дваесет златници за твојот живот“. Потпис: трилисна детелина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Знаеш што, Молња? - дофрли Абраш пред да ја затвори вратата од лифот, - можеби и не е толку одвратно да се има родители...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Му дофрлив парче леб со путер, останато од вечерата. Го лапна без да трепне.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Дали да му го дофрли на најмладиот придружник, чие остро сечиво на погледот му го пробива грбот...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Повеќе