дотек (м.)

Веруваше дека само Ататурк успеал со меч да го разреши неколкувековниот отомански Гордиев јазол, да го ослободи дотекот на заробеното, неподвижно време.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сигурно Бог, колку и да не верував во него, ми ја дари потребната сила во мигот, кога го забележав истиот џип со медицинска ознака, од кој сигурно ми се контаминираше храната и се организираше дотекот на врела вода во хотелите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сакав со него, во дотек на нови илузии во мојата свест, да го продолжам претходниот разговор, наивно верувајќи дека ќе го разуве­рам со нови сигурни елементи за погрешниот пат што го избрала мојата родна земја во изградбата на социјализмот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во Маказаречката река останаа уште некои јаблиња кои набрзо ќе се исушат без дотекот на водата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дотекот што го регулираше и го контролираше Ниротакис, кај Авни беше истек (прилив и одлив, така тоа го нарекуваа Круме Волнаровски и Стево Трајчов кои го водеа привремениот престој на жените).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)