доставувач (м.)
Постоеше можност, дури, Емплфорт да е доставувачот на жилетот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
– И треба да знаеш дека некоректното однесување може да го иритира доставувачот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Кога тоа е потребно, заради утврдување на идентитетот на лицето кое ќе се затекне на местото каде доставата треба да се изврши или заради извршување на други дејствија на доставата, доставувачот е овластен да побара помош од полиција (чл. 135, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Лицата кои што доставувачот ќе ги затекне на местото каде што доставата треба да се изврши, должни се на негово барање да се легитимираат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
И тамам стигнуваш, а пред врата те чека гужва: специјален доставувач на опомени за неплатен кредит, за струја, за вода, за телефон, за живот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)