дослушне св.

дослушне (св.)

Скоро се фатија, како дослушнуваат одделни искажувања на селаните.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Од напнатост Србин дослушнуваше или му се чинеше дека слуша некакви крцкања.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не знам колку ги дослушнувам зборовите на сочувство?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
13. Кога сонувам јас не сум во кома И сепак дослушнувам нешто од она што се зборува околу мене А зборуваат луѓето сѐ и сешто И понекогаш дури ми е непријатно
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Наближувајќи кон неа навистина бев во недоумица дали да изигрувам навреденост поради начинот на кој дознав за смртта на пријателот, во она да го наречам кратко и сосема службено искажување, или да настапам итерпејовски: не виденото не е ни дослушнато, значи не е ни разбрано!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Одново погледнувам на таблата, одново дослушнувам тивок збор на поздрав и збогување што тивко провејува по улиците, кафеаните, ресторанчињата и пазарот и желно, многу желно посакувам од југот тука постојано да дуваат само добри, топли и добродушни ветрови за да имаат луѓето помирен сон и окрилени со надеж да дочекуваат поведри зори...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На пристаништето галебите се збрале на купче и еднаш на саат свечено гракнуваат - да ги дослушне оној Посејдон од приказните и да покаже дали е вистински заповедник или измислен лик од приказните за мали и големи деца.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)