доскорешен (прид.)
Кај Милева ми врвеше, орман ми се одзиваше.` За забележуење е дека младината предничи во воспевуењето на доскорешната борба и луѓето што таа ги исфрли од народните недра на згорнина. На собори, на работа, во домоите на културата, на празници средсело - младинците колективно создаваат нови песни.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Пијана од сопственото доброчинство, што и го вдахнал нејзиниот татко Добре, најдобриот човек на светот, доскорешната кукла, а сега највисоката, најкитната мома на сите времиња на светов, Нова Година, една цела недела не се сети на Дедо Мраз.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Драги екологисти, во одговор на писмото што го добив од Влатко, мојот доскорашен соученик, ве известувам:
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)