дораснат (прид.)
Мислиш ли дека нашите математичари не се дораснати за тоа? Ја заборави ли двомислата?“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не му беа дораснати ни вештите цариградски калиграфи, кога ги пишуваше првите текстови на арапската османица.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Желбата на записот е повеќе да се опише отколку да се објасни, и за мене самиот, досегашното повеќедецениско молчење, здржаноста да се доискаже во стихови мојот однос кон Рацина и кон неговото пеење, поривот но и несигурноста на моето доближување до него, почитта па отаде и стрептежот од јавно кажаниот збор на што толку мудро ни укажа Блаже Конески, дрзоста и дораснатоста на младиот поет да проговори со јазикот на песната за Рацин, за Рацин што го пробуди во нас идеалот на јазикот и убавината на поезијата.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Затоа, оној вид трагедија на која мелодрамата ѝ дала нов облик и нов живот била деградирана, второкласен вид на трагедија, соодветен за прикажување на животите на тие што биле неподобни за автентичната трагична сцена бидејќи, како домаќинки, банкари и клерици, не биле баш дораснати за класични јунаци.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)