доразбуди (св.)
Не чекајќи да се доразбудат другите излезе во дворот за да се исплиска на чешмата, а таму му дојде Богатин.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ова требаше да ги доразбуди со општа смеа, ама никој не му возврати.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Пелагија, таа, кутрата, ќе го земе под своја рака! и спуштајќи ја главата над бовчата што ѝ служи како перница сосема ќе се доразбуди оти врз нејзината глава ќе првне нивниот петел и со кокодакање и удирање на крилајата ќе избега низ широко отворената врата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)