допее св.

допее (св.)

АРСО: Да си ја допееме песната! (Пее, сите го придружуваат.) Стојан се подразбуди, на невеста говори: „Стојанице, ти млада невесто, што ми лади лицето, дали ситна роса поросува или силни дождови?...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Уште не ја имаа допеано песната кога од орманот под нив излегоа волови, а по нив дете.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Попот ги допеа молитвите, се сврте кон олтарот, се прекрсти и влезе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чекај, да си ја допеам песната, сум велела и сум го удирала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога нему ќе му дојде да запее, тој животот не си го сака додека својата песна не ја запее и не ја допее.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)