допаѓа (несв.)
КОСТАДИН: Во сојот не чепкај, зашто ќе се испечеш! Не ти се допаѓа? Подобар е од твојот и почесен!...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Нели ви се допаѓа светата водица на моето чело.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Но нему тоа име му се допаѓа.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Конкретно, мојата муцка? Ајде кажете.“ Кажа: „Не.“ И потврди: „Вашата муцка не ми се допаѓа.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Отец Симеон се исправи од клупата. „Еј момчиња“ , рече „Вам не ви се допаѓа мојата идеја да патувам за Виетнам. Така ли е?“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Каков си ти немирен човек, твојот пријател ми се допаѓа, спие кога е време за спиење.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Овој млад човек му се допаѓаше на Глигора.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тоа стоеше во погледите на оние двајца такво, што на Змејко еднаш му се стори и дека му се допаѓаат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Добро. - Гледаш дека ти се допаѓа? Тоа ти е име! Навистина, тоа беше име!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Ако некому тоа не му се допаѓа, нека прави што знае ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Не ми се допаѓа дворот, - ми рече Билјана.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Цане многу нешто сака, но од сѐ најмногу му се допаѓа оној автобус што често стои на автобуската станица, пред киното.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- И мене не ми се допаѓа, - реков, - но дворот нема да го купуваме.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Ме гледа и како со умилен глас да ми вели: - Убаво ли е, сине, ми ти се допаѓа ли домчево, кажи што не ми ти достига, татенцето сѐ ќе стори за моето соколче, - чинам така ми вели татенцето и јас сѐ поблиску приоѓам кон него, божем ќе му се фрлам во прегратките, ќе го гушнам како роден татко, а тоа од страв му се доближувам да не ме запне од подалеку, да не ми го скине главчето, та без главче да останам.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Очигледно разбра итрецот дека неговите луди постапки му се допаѓаат на татенцето, па тој тераше докрај.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ги читаше Мил книгите од учителот, ги потцртуваше и ги препишуваше оние мисли што му се допаѓаа: „Науката се засновува на идеи“.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Зедовме напишавме, ама нашата вистина не им се допаѓа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Ама, не ти се допаѓа многу, нели? - инсистирав. - Добар е, - пак кусо ми возврати.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
И токму кога сакав да го прашам Абрам каде и кога ќе разговараме насамо, забележав дека Мечка, божем случајно, му ја подметна ногата на Влатко-Цвик, кого што ние понекогаш го викаме и Окомен, а нему тоа му се допаѓа, зашто му личи на Супермен.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Ти се допаѓа, нели - се насмеа бабичката. - Земи си пак, ако сакаш. Зедов уште малку и ѝ заблагодарив.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)