домофон (м.)
А и Марија ми се немаше јавено денес. Ги побарав по домофон.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ја слушна онаа којашто викаше по него - и го препозна гласот: „Ајде, чао! Ќе се слушнеме по домофон. Ама откако ќе прекрши жештината! После шест!“ им викна на другарките, се стрча по него и се втурна во лифтот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Во тој миг заѕвони. Откај домофонот се јави Нина: „Брзо слегувај! Дојдени се! Дератизација!!!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Го расони сигналот откај домофонот. Го слушна гласот на Нина: „Ајде, слегувај!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Затоа реши да покрене некоја станбена иницијатива, како, на пример, потпишување петиција за вградување на нов алармен систем и поправање на домофонот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Мајка ми се движеше како видра, леташе низ улицата, барајќи го бројот. Читаше на домофоните.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Акумулаторот се испразни и автомобилот не сакаше да запали, на враќање дома домофонот не сакаше да заѕвони, клучот не отклучуваше, па, барајќи преноќиште, дознав дека хотелите беа преполни и сите хотелски соби беа издадени.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Со немир во срцето, како оној од песната на Тошка и Каролина, и распеана душа, ѕвонам на домофон: „Кој е?“
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)