должен прид.

должен (прид.)

Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, зашто тој е наш исто така како што е наша татковината.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Имајќи ја предвид таа критика за потребата и целесообразноста на нашево овдешно друштво, ние сме должни да си дадеме точен отчет за причините што го предизвикаа неговото образување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дај боже, сега пролеаната крв да послужи како завет меѓу живите, коишто се должни пред таа крв да се заколнат за една заедничка културна работа, за полза и среќа на нашата заедничка многу напатена татковина – Македонија. *.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа е моја невеста и ти си должен да ја чуваш тате, сѐ додека не се вратам јас…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
МАНОИЛ: Јас сум должен да заминам, а ти ќе останеш во оваа куќа сѐ додека јас сум жив! (Тргнува кон вратата) Збогум!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Зема дедот Петко заире; носи стока, а Мице ја продава и пишува „приход расход" и по пет шест години, кога си ја видоа сметката, уште малку што не излезе должен дедот Петко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ниту на Мартина должни не му остануваа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Оти и така седам без работа, - имаше обичај да рече со израз на човек осуден цел живот да се чувствува должен за доброто што му го сториле.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Остана должен уште Мирче домазетот, човек сиромав и со неколку деца.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Јас велам. Должен си...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Како да си спиел со мене, да знаеш, - не остануваше должен другиот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
За доброто на вашето село, како и заради безбедноста на власта што ве штити, секој чесен човек е должен сѐ да стори за да се фати овој злосторник и одметник.“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Ха, - промрморе кметот. - Не сум јас должен да хранам и да се грижам за туѓи деца.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Должен сум, вели, да ви ја соопштам тажната вест дека почина генералниот секретар на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз, таткото на народот и нашиот голем учител и водач, генералисимус Јосиф Висарионович Сталин.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Многупати врз мојава куќа се струполувала несреќа. Должен сум да помогнам, да се молам.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Зарем јас ни крив, ни должен да си давам пари за поправка на куќата која Танаил со експлозиите ми ја оштети...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Да, тој ќе стори нешто, Јаков не останувал должен, ќе капне крв пред неговите нозе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Која беше замислата, влогот за потфатот наречен Глас? 4Не отстапувајќи од правилата и барањата на филозофското читање, за кои отсекогаш го имав сочувано должното почитување, во книгата Глас сигурно сакав сериозно да обработам некои содржини (семејство, сопственото име, вера, дијалектика, апсолутно спознание, погреб - и уште по нешто), но спротивставувајќи ги, страна наспроти страна, интерпретацијата на големиот канонски корпус на филозофијата на Хегел со реиспишувањето на поетот- писател, речиси вон законот и неприфатен - Жене.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не обѕирајќи се на гаврановиот подбив, Жеро Жерав воспостави мисловен допир со мене: Ми даде повеќе од колку што ми беше должен.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ми рекоа дека секој роб, пред да стапи во рудничката јама, должен е да се сретне со Мортенија и да се заколне на верност.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Повеќе