долговрат (прид.)
Шибан со трња и гранки на ноќта, со обеспокоено срце од вино, белецот со опаш на виножитен лак се нашол во логорот на Турците помеѓу огнови и шатори, сам и долговрат, наеднаш и самиот изненаден од живите сенки на војниците и сепак - горд божји гласник.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Не гледав и не бев сведок на мигот кога Симон Наконтик, сиот како зелен волшебник од мочуриште, си го џвакал брадулето и му раскажувал на долговратиот Лазар Аргиров, чиниш е на овој свет само затоа да ги проубавува грдостите, за судбината: тоа е сѐ, човекот во нејзините раце е орудие - коле и беси без совет и без знаење на својата крв.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Еден од треварите, постариот, и некои двајца, калуѓерски долговратиот Лазар Аргиров и кашличавиот Осип Сечковски, веќе ја кршеле со секири колата на Дмитар-Пејко, кога пред нив како куп ѕвезди ќе блесне оган да нафрлаат врз зажареноста пресно месо.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)