документарец (м.)
„Гледајте - или остатокот од животот ќе го минете како лошо платен статист во туѓ нискобуџетен црно-бел документарец, или ќе станете продуцент на својот сопствен филм. Ќе го режирате, ќе напишете сценарио, ќе поделите улоги, ќе одберете место за снимање на најголемиот реалистичен филм било кога направен“.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Ќе има документарци за сафари во Африка и за космосот од оној Карл Саган.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
И некој документарец во боја можеме да гледаме.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Забрането е да расте сончоглед на полињата (дозволено е само негово грицкање) Во спортските сали се емитуваат репризи од документарци за здрав живот
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
- Значи, во соработка со колегите од нашата локална радио станица, треба да се сними и триесет минутен радио документарец за десетте години под власт на генералот Стојан.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)