докторанд (м.)
И така јас, некогашниот надежен докторанд на Сорбона, шпански борец на страната на Ла Пасионарија, во родната земја станав фолклорист.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Климент Камилски, уште како студент и докторанд на Сорбона, располагаше со главните дела на Андре Мазон и во College de France им се восхитуваше на неговите предавања за руските класици Иван Гончаров (за кого своевремено одбрани докторска дисертација на Сорбона) за Иван Тургенев, од Пушкин и Шевченко до Достоевски и Толстој.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Климент Камилски се изненади од овој настан, но сметајќи се апсолутно компетентен, како сорбонски докторанд од областа на воспитанието на детето, не сакаше пред Татко да го покаже своето чудење, но, сепак, со авторитетен глас на сеинформиран научник прокоментира: Јазикот останува најзначајната симболичка фигура на човековиот дух, но и најзагадочната творба на природата за разбирање на луѓето и народите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ландер, кој е Канаѓанец и кој се опишува себеси како „недокториран докторанд“ што живее во Лос Ангелес, има да каже разни занимливи и забавни работи за прашањето зошто таквите луѓе ги привлекува иронијата, зошто иронијата има толку значајно место меѓу работите што ги сакаат белците.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)