дозиран прид.

дозиран (прид.)

Татко умешно го криеше својот ракопис, ниту Мајка не знаеше каде го чува, но тој во долгите разговори ни изнесуваше дозирани содржини од неговото дело на животот и во одбрана на животот...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ми спомна дека не ги посакува тајните; потоа дека му се згадил начинот на кој ги добива оние сиромашни, дозирани нашепнувања на податоци.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ти која ги доближуваш питомите и крволочните животни од овој свет или од некој друг свет до Змејот и Кентаурот или Човекот и од сите нив правиш Животинско Царство правиш исклучок затоа што - ништо не е совршено на банален начин! Ти која го прелеваш мртвото во живото божевото во човечкото некогашното во сегашното чедното во блудното почуј, совршенството е промислена дозирана грешка - Игро на метафизиката!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Амам: промена на смислата Не кога ќе влезеш и кога ќе те заплисне врел и непроѕирен воздух не кога ќе те поклопат капките разлеани по ѕидовите реата, мермерот, мрморењето не кога ќе те обземе вртоглавица зашеметеност од празнината на амамот, полна пот, плот и пареа не кога ќе те погоди како отсјај во сон светлината подадена низ розетата дозирано, од високо не додека студеното сонце-иње од карши ги облагородува дрвјата, релјефите, порталите, фасадите на сараите туку кога ќе потонеш гола во гротлото ко крвава рожба во исцедокот од водолијата тукушто прсната, за да може да се слизне низ пенџерето на животот (на)право во царството на немилосрдноста кога збунетото тело ќе помисли дека секое друго место е подобро ама ќе остане и понатаму - таму без да се помести кога ќе ја осетиш жешката вода како оддалечување од секојдневието, од агонијата на распадот (целото е мислена именка, далечно минато) кога ќе се престориш течен заборав божји благослов и ќе му се предадеш на телото мислејќи си ѝ се предал на психата егзотичното прелевање на смислата сѐ додека не се претвориш во прелив како таков кога ќе се испреплетат значењата едни со други и ќе се испретурат во кошницата на светогледот а ти ќе тргнеш во потрага по почетокот кога ќе сфатиш - Бизант е капија во темните агли на памтењето цела епоха е втисната како анатолиска крпенка во обичните зборови од твојот мајчин јазик во интимата на јазикот и се спровира низ капијата кон одаите и спалните дома кајшто по извесно време по извесна стварност потеклото се заташкува сродството се изобличува јазикот има свои потреби како и телото сфаќаш и тонеш во без-сознание зад јазикот, отаде нека почека ако те чека ... Истанбул, декември 2003
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Измислици дозирани во мали пластични насмевки.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)