дозбори св.

дозбори (св.)

- „Со другарите се дозборев...“ ќе речам. „И јас имам право да се дозборувам.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Во осум или во девет се дозборевме?“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сакаш ние двајцата да одиме на стадион - на фудбалски натпревар? Може? Дозборено?“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Гледате, како да се дозбореле: едни цветаат - други одмараат.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Трпение - спасение... Молчешкум се дозбореа.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Не бидува очи в очи да се погледнат - пред родителите и стројниците да се дозборат.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)