дождовен прид.

дождовен (прид.)

Се сети:тие луѓе војувале четри пати во четирите годишни времиња. напролет (а наесен?) дождовните порои ги миеле стрмните ниви од семе, од род.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Од ова место, од овој брег, Профим наутро прв узнава каков ќе е денот; прв наутро со очите шета по езерото, и по неговата мирна или разбранета површина, заклучува каков ќе е денот: убав или лош; одовде тој прв го здогледува и раѓањето и умирањето на денот; одовде прв на дланка ги дочекува дождовните капки, првите снегулки, ветровите, маглите; по сите пролетни и есенски поплави што го зафаќаат селото, тој прв излегува од куќата како дедо Ное од ковчегот, и проверува што сторил господ; што однесле суводолиците од селото, а што оставиле; одовде тој секое утро се прекрстува кон манастирчето Св. Арангел, молејќи го за здравје и долг живот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Крупните дождовни капки што ѕвонат во есенската ноќ капавицата ја будат низ олукот плискаат истечуваат со големите води.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Проретченото есенско лисје не можеше да ги додржи дождовните капки.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во неа, како во шолја, стоеше голема дождовна капка. Гледајќи ја девојчето заплака. 31
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во собата продираа најразлични звуци: од тоалетот наутро се слушаше гргорењето на неговото порцеланско грло, од покривот лекото роморење на дождовните капки, од таванот итрото глувче што трча меѓу тајните прегради, а од под скалилата појот на канарката во нејзиниот кафез.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Еве мустаќ од дождовна глиста. Еве сенка, и бела и чиста.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тој ѝ го оттргна од рацете, фасциниран како и секогаш од мекиот дождовен изглед на стаклото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мекото, дождовно стакло не наликуваше на ниту едно стакло што го имаше видено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го следи градењето на вториот Храм по ослободувањето од вавилонското ропство и првиот обред на либидација, на полевањето со вода на жртвеникот, изразот на желбата за добра дождовна сезона и богат род на полињата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ги гледаш дождовните капки на елките. Тие тука стојат многу кратко време, светат како лампиончиња, како стаклени прашинки.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Додека дождовните капки патуваа кон земјата, формираа широка основа на огромен разбој за ткаење кој ткаеше бескрајно и проѕирно перде, а постојното тропање што дождот го правеше беше како тропањето на разбојот кога ткае.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не го најдовме „нашиот“ стадион. Не ја најдовме и големата нива каде по една голема дождовна бура ги собиравме налегнатите и неожнеани класови.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Виножито, на солзите дождовни распрскување маглина од дожд и сонце, и пурпурна пајажина на небото што се влече од крај до крај, возбуда, среќа, во овој неспокоен крај.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Чекори бос по дождовна роса, се радува на лисје со пуштена коса.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
И би ден пролетен - ама снеубавен, дождовен. И би час... час... миг... Мигот што мајка го чекала во бесконечните деноноќија.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)