договара несв.
договарач м.

договара (несв.)

Дури се договараа, дури издадоа заповед за напад, сонцето веќе искочи и часовниците покажуваа повеќе од осум.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се договараат старешините, а ние слушаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Големите се договараат, вели Ѓеро Ѓенески, може ќе дадат автономија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ја знаеш приказната за штркот и штрчицата, ме прашува, кажи ја, му велам, некој ѝ ги заменил јајцата на штрчицата што ги лежела, вели, а кога јајцата се испилиле, вели, штркот видел дека испилците не се негови и почнал да ја врти главата над гнездото, над голиштарците, и само штракал со клунот, замавнувал како човек што се крсти, вели, штракал и се гледал во испилците и во штрчицата, вели, а потоа викнал и други штркови да го видат срамот, вели, и тие ја истерале штрчицата настрана и долго штракале, се договарале за потаму, вели, и после ја викнале штрчицата назад и почнале да ја тепаат со клуновите по глава, вели, так, так, так, а таа само стои, а потоа ги отепале и голиштарците нејзини, вели, ги кренале високо и ги отпуштиле озгора;
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како што јас тогаш си замислував, тој во Атарот разговараше и се договараше со дедо Господ, што и како да биде.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Се договараме: точно во седум, ама ни минута порано, да ја повикам на „овој телефон“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Лепезите од време на време им се придвижуваат од невидливите струења, а тие исто така им служат како еден вид договарање познат само на рептилите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Било договарано да биде покопан на Пленпале, гробишта кадешто се покопуваат швајцарски значајни луѓе, но тоа не беше лесен потфат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Владите само договараат, држат симпозиуми, а во тоа време изостанува конкретна активност.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Веќе третпат се договара да се најдат на кафе во некое од кафулињата во центарот на Охрид каде што, додека седеа и разговараа, Едо со задоволство рагледуваше наоколу да види кој негови или нејзини познати ги виделе и како се однесуваат кон тоа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Влакна од нејзината коса го скокоткаат и му го бара погледот во ретровизорот преку којшто разговараат и се договараат со очи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Му реков: Јас се договарав со него, велам, и штом се заврши уредувањето на гробот, ќе треба да се спремам и еден ден да заминам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кога навечер, по враќањето откај сарајот, не можејќи да се скраси в постела, нервозно шеташе нагоре-надолу по плоштадката пред Капан-анот, која дење се полнеше од трговски договарања и преговарања, тој избегнуваше да се сретне дури и со Марин Крусиќ, зашто сега со никој жив не сакаше да ја дели својата болка, како таа единствено да му остана од Атиџе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Забележа тој дека Тодора си ги сака иконите, си пали редовно кандило, си оди в црква како да е самата дома топол леб, не жива сода, за секој адет се договара со попот и ревносно ги потсетува домашните и комшиите на празниците што идат, па реши да удри на тој тапан, белки и господ ќе му помогне.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Малку повеќе дисциплина никому нема да му пречи. Со заедничка трпеливост и договарање оваа неволја полесно ќе ја совладаме.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Добива согласност, се организира средбата, се договара и се пишува официјален допис...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Преку овој ѕид се слуша што се договараат вашите родители да зготват за ручек. Тенки се овие ѕидови.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
На неговиот сожалителен усмев тоа парче како да му договара со тих, виновен усмев. Но тоа е несомнено малку.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сигурно веќе неколкупати се договарале кога е најзгодно да дојдат, мајката можеби излегла денеска пол саат порано од работа, но сепак се подзабавиле и за малку да им пропаднат парите што ги дадоа за тролејбуска карта.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
1. Нивоа на договарање а) според измените од 1998 со колективните договори на ниво на работодавец (подоцна наречени „поединечни договори“) можат да се утврдуваат поголеми или помали права од правата утврдени со грански колективен договор (подоцна преименуван во „посебен договор“) – но, не помали од правата утврдени со закон (чл. 2, ЗИДЗРО/98).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Повеќе