доволно (прил.)
Тоа беше доволно да заприкажуваат за она за што сакаше дедо Геро.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Не е доволно? Добро. Од тој белег прстите тешко се делеа.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Доволно е над селските стреи да поминат лутите писоци на дивите гуски па да зоврие крвта ловечка.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Такво какво што е, да го прими таа еднаш како свое, да се соживее со него, како со даденост неразделна и дел од сето она што го осмислува животот, бездруго и пред неа ќе се раскриеше онаа неизмерна убавина на многувиденото, напнатото и страсно завојување на никогаш доволно неискористеното и никогаш несвршеното секојдневие! Барем тоа...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Чудно некое место! Но тоа беше доволно Зоки да биде среќен.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Така тој ја пропатува едната половина од овој широк свет – доволно му е кога е дете! – токму сакаше да појде и понатаму, туку шоферот го донесе дебелото црево и – почна да го мие извалканиот камион.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
„Да створам доволно злато, - си мислеше, - па после што сака нека биде“.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Чичкото го погледна динарот во неговата испотена дланка, се насмевна и рече: - Немаш доволно пари.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Кога лебот доволно се натопи во маслото и во колибата замириса на пржено, Бојан изрона одозгора и парче сирење, па пак ја стави тавата на огнот, убаво разбркувајќи го со лебот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Можеби тоа што им го даде не беше доволно за да ја покрие нивната долга изгладнетост, но во случајов не можеше да ја совлада својата себичност.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Имаше доста ѓубре, можеби цела недела дедо му не го беше ринел, па доволно се измачи ринејќи го.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Доволно им беше што се заедно и што се насамо.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Само со погледи се разбираа доволно за да можат да си ја премолчат тагата во душите.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Сѐ што се случува во селото: добро или лошо, се случува на него: преку него врват и свадби и свадбари, и погреби и музики, и арамии и војски, по него во селото доаѓа една власт а си заминува друга, по него се испраќаат и пречекуваат луѓето за војници, печалбарите по светот; на него седнуваат старци и старици да се топлат на сонцето, на него везилките од селото се собираат да везат и пеат; на него се читаат наредбите на власта, по него се тркалаат бочви за да киснат во езерото; крај него се садат муренкови стебла за сенки; на него говедарот го собира добитокот за пасење; којшто ќе дојде од градот или околните места да купува и продава, на него купува и продава; тесните сокаци: одат кај ќе им текне; се кршат, се извиваат, се провираат меѓу куќите, кружат и пак одново се враќаат и излегуваат на широкиот пат крај езерото; по отпадоците што се фрлаат на нив, се знае која куќа што готви за јадење која што заклала; која бара заскитан добиток или деца, во која се веселат, а во која водат војна; по тие сокачиња, ако си невнимателен, можеш да се чукнеш во столче, во синија, во каца, во кош, во тезгере, да се слизнеш на лушпа од тиква, од лубеница, од лепешка; да цапнеш во бразда што одненадеж ти излегла, да се сретнеш со натоварено добиче со кое не ќе можеш да се разминеш; да ти лавне одненадеж од некоја порта куче, да те запраша некој кој си и кај одиш, да те викне некој што започнал сам во дворот да пие; низ нив и зиме и лете струјка ветер од езерото и шишти како низ тутурка, како низ оџак; галеб кога ќе се најде во нив, креска како да се загубил; боите на куќите: сината: луѓе вљубени во езерото, во мирнотијата, во спокојот; мудри, темелити, неизбрзливи во ништо, сигурни во она што го прават и говорат, верни на она што го преземаат или ќе го наумат; добри, предобри, душицата како на дланка да им се гледа; засакаат ли нешто - се врзуваат за него трајно и за век, како што се врзуваат земјата и историјата; зелената: скитници; непостојани во сѐ: во потфатите, во работата, во мислите, во духот, во зборот; она што го започнале денеска да го кажуваат, ќе го завршат вечер, утре, или никогаш; не држат многу за ред, за збор: зборуваат за работи што не им се доволно јасни, одговараат на прашања пред убаво да размислат, решаваат пред да бидат наполно сигурни; слобода и ширина имаат во сè; жените со рулче на раце или на босици седат на прагот; децата им мочаат кај им е ќеф, седат на прагот или скитаат по сокаци; очите им играат како во масло.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Се разбира, не се осмелував тоа да го сторам без да го прашам татко ми, но и за да го прашам немав доволно сили.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Пред нас кога блесна Кавала во зорите, Белина од праискони кога ни ги исчисти душите, - Нешто ни шепна морето О, благословени дечиња на мојата татковина, Шепнете го и вие неговото име и тоа е доволно Врвовите на вашиот глас низ иднината.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Тој е мудар, и ќе има доволно мудрост за мене, за моите стихови.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
- Напишета само: капетан Никола, Аспровалта, тоа е доволно! - ни рече таа на збогување, ни набра црници и ги стави во едно книжно ќесе. - Благи се и освежителни! - со насмевка ни рече Параскева.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сега секому му се брза, никој нема време, а понекогаш и доволно нерви за да ги издржи секојдневните судрувања со луѓето на овој современ , динамичен свет.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Но, за некои е доволно да минат покрај „Мулен Руж“за да ја задоволи суетата дека минале покрај оваа прославена париска витрина на голотија и што предизвикува повеви на разни асоцијации.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)