длаби несв.
длабина ж.

длаби (несв.)

Денот ли дојде тој да се мери - мерка му нема, а в градите длаби без да се запре, без дно да најде не тага а клетва, и во очите матни и не сакајќи сама се дига фуријата.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Во една есен студениот ветар со сврдел го длабеше нејакиот плитар на нашата куќа. Трипати се прекрстив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Нејзината вина беше остар звук, врел сврдел што ја длаби однатре.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Она што го определуваше сегашниот негов однос, дојде дури отпосле, во овие неодамнешни години, и продолжуваше да ја длаби провалијата до овој врнежлив ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Длабеа тие по тој одвај проретчен врнеж натаму меѓу стеблата, две црни прилики, две црни топки, една по друга, сѐ повеќе личеа на сенки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше на едно високо скеле, сега веќе ѕидар, а некаде во него, вкоренувана низ сите оние изминати години, долги, од неговото детство, почна да ги подава своите отровни повитки, една ужасна бездна, да се отвора и да се длаби пред неговиот поглед и да не му дава мира да се размавне и да работи, како што знаеше тој, како што работеа сите други мајстори, и во сонот опоменувајќи со длабочината на провалијата под него, ниеднаш не позволувајќи му да подзаборави, да си ја сочува онаа свикнатост со не.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Врз растурените ѕидишта на сенките Во боја на портокал Летот длаби крај.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Трново личи на Титов Велес. Обата града како да полазеле во височините, по острите и стрмни брегови на реките, кои ги создавале и длабеле кањоните, по кои се начичкани куќарки како од приказна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мене ми се кине нешто во градите. Нешто неискажливо, неименливо ми длаби и ми се кине. Ама, ај умри на бесчас, кога не ти е дојдено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Длабат во месата, сврдлат надолу до коските, си пуштаат крв.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Светилките им ги издолжуваат лицата, им ги длабат очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со врвот од моливот длабеше дупки во дрвото од клупата и нервозно грицкаше праменче од косата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но сега не беше време да длаби по погрешните идеи, требаше да се најде излез за семејството, излез од гладот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој не сакаше да длаби во разговорот. Очекуваше инструкции.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Продолжиле делбите, се длабеле разликите, се ситнеле народите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Секогаш кога помислувам на стрипот (воопшто: на „концептуалната уметност”, вештината на преградувањето, компјутерските игри со многу прозорци во кои се наоѓаат нови многубројни прозорци, лифтови, тавани, визби - целиот тој делумно изветвен психоаналитичарски корпус, што наликува на франкенштајновиот пачворк, или на Голем, тоа купиште екстремитети како еден puzzle од „лаги” што ја создава треперливата, испресечена вистина, еден зоетрап-стрип) ми паѓа на ум (како што, веќе рековме, сенките паѓаат од ѕидовите, толку бавно како капките /оној мраз!/ што го длабат она дно?!) Емпедокловото сфаќање на окото и гледањето: окото го градат (според Платоновиот „Тимеј”) огнот и водата; огнот е раздвоен од водата со мембрани направени од мошне ситни пори кои спречуваат водата да продре внатре, а на огнот му допуштаат да излегува надвор, за да го сретне предметот на гледањето.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Длабоката потреба на песната да влезе внатре, во најдлабоките длабичини на битието, Озрачен (Од дална ѕвезда) Медоточен И По ро чен. е пораката што го длаби своето постоење во тие длабини и го оплодува неочекувано битието на суштината, битието на длабокиот дух осеменет од порокот на создавањето.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Продолжуваше патот на јагулите... Длабеше балканската ноќ во просторот на истекот на реката од големото Езеро.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тројцата пријатели во тивката ноќ, која сѐ повеќе длабеше и се чинеше дека нема никогаш да заврши, не сетија дека многу се оддалечија од јагулите, од темата за која беа собрани.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тешко се копаат канали. Реката со милиони години си го длаби својот пат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Повеќе