дискриминација ж.

дискриминација (ж.)

Единствено пуританците можеа да измислат и да развиваат една таква еколошка и биолошка моралност заснована врз зачувувањето на видот, односно врз дискриминација, во суштина расна.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Расна дискриминација исто така не постои, како што не постои и никаква забележлива доминација на една провинција над друга.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По дефиниција, лице без државјанство е она „кое не се смета 34 - конфликт на закони - трансфер на територија - закони за стапување во брак - административни практики - дискриминација - непостоење на регистрација при раѓање - одземање на државјанството од страна на државата - самоодрекување (кога лицето ја одбива заштитата од државата) - насилно раселување, особено кога е проследено со повторно исцртување на територијалните граници.39
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во Законодавниот дом Христов максимално се залагал за демократијата и за статусот на натурализираните Американци против нивната дискриминација.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Две години потоа, со носењето на новиот ЗРО (2005), беа дополнети одредени „празнини“ во доменот на антидискриминацијата кои ги имаше во претходниот Закон: а) воведена е дистинкција на директна и индиректна дискриминација (чл. 7, ЗРО/05), 15 а листата на егземпларно наброени случаи на дискриминација е проширена и за онаа дискриминација којашто се врши по основ на „полова насоченост“ (т.е. хомосексуалци или т.н. LGBT популација) – чл. 6, ЗРО/05.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Имено, специјализираниот Британски суд за работни односи, во спорот R. vs. M.K., пресуди дека конкурсите за работно место во коишто е назначено дека се бара минимално работно искуство во години, можат да бидат индиректно дискриминирачки врз основа на возраста (т.н.„старосна дискриминација“) – па, кога приликите тоа го дозволуваат, треба да води сметка да се избегнува ваквото условување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
(...) Да не мислиш на смртно сериозните теми (од психоанализа, дискриминација до екологија) третирани на лежерен, шегобиен, дури и навидум „несериозен“ начин?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Придобивките до кои дојде со донесувањето на овој закон се следните: отстранети се формалните пречки за воспоставување рамноправност меѓу жените и мажите, преку превенција и воведување услови за еднаков третман на жените и мажите; забранета е дискриминацијата врз основа на пол во јавниот и приватниот сектор и воведени се нормативни мерки од различни области за спречување на оваа дискриминација; се дава приоритет во случај на нееднакво учество на жените и мажите во телата на власт на сите нивоа; воведени се охрабрувачки мерки насочени кон елиминирање на нееднаквиот статус и се пропишани програмски мерки за подигање на свеста, како и за изработка и спроведување на акциони планови за поттикнување и унапредување на еднаквите можности.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Според него, една од најголемите трагедии во нашето општеството е дискриминацијата на непартизираните граѓани.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, се откажуваат од претенциозноста и дискриминацијата... негувајќи ги институциите како цвеќе во ваза... само тие ќе ја покажат формулата на современата цивилизација... која го негува правото на рамноправност на сите народи и култури...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Измените на ЗВОСН од 2010 година Со првата измена од 2010 година45, после чл. 1 во овој Закон се додаваат три нови члена кои подетално го регулираат прашањето на дискриминација при вработување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Законот во својот шести дел предвидува и правна заштита на правото на еднаков третман на мажите и на жените со поднесување на претставка пред застапник (вработен државен службеник во МТСП), Народниот правобранител, Комисијата за заштита од дискриминација или надлежен суд.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Законот за спречување и заштита од дискриминација беше донесен во 2010 година82 по препорака на Европската Унија.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Граѓанските партнерства во Вермонт, машките извиднички организации на расправа во Врховниот суд, ракоположувањето на геј- епископи од Епископската црква, оставките на геј- гувернерите во Њу Џерси, уставноста на законите за содомија, гејовите во војската, подемот на поларизаторските „клин- политики“, геј- браковите и низата уставни измени со кои се редефинира бракот, а да не зборуваме за позитивната дискриминација, за кривичните дела побудени од омраза и за положбата на малцинствата: сето тоа беше и тоа како доволно предметот, кој и понатаму си го предавав секоја втора година до 2007, да стане траен и неодолив предмет на коментари, и покрај сите мои усилби да го држам подалеку од вестите. (Сакав да го заштитам Универзитетот на Мичиген од злонамерен публицитет).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, да го знаев тогаш она што го знам сега – односно, дека самиот наслов на предметот ќе го чини Универзитетот на Мичиген речиси онолку време и напор да го брани колку што му требаше за да си ја одбрани доследната примена на позитивната дискриминација во своите приемни политики – сигурно ќе го наречев некако поинаку. ‌Меѓутоа, откако почна контроверзијата, веќе беше предоцна да му се менува името на предметот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)