диригира несв.

диригира (несв.)

Тој диригираше, публиката пееше, тој пееше, публиката слушаше и ракоплескаше, а кога таа вечер во „Олимпија“ се спушти завесата на сцената, Мишел Сарду мораше долго време да се заблагодарува на публиката, која го напушташе театарот пеејќи го она што пред тоа го слушаше од Сарду...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Момчето диригира. Иако се чини, звуците го управуваат него.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Италијанецот мавташе со раката како да диригира.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Со други зборови, се кладам дека Патнам (REF) го сметал системот за управување со абакусот како целина (без оглед дали движењата диригирани од правила ги прави човек или машина како дел од системот) - или ако не, тој требало да го смета.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Библиотеката истовремено ќе биде и храм и монумент, но би рекол, истовремено и подземно скривалиште, кое ќе го заштитува од сите ментални напади диригирани од диктаторската власт.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Таа е преведена во артикулиран гест; таа е диригирана. Маргина 37 107
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но младоста на секого има свои импулси кои речиси никогаш не можат да се диригираат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)