дипломиран (прид.)
2. Го посетивме и директорот на Јавното комунално претпријатие „Водовод“, дипломиран инженер и технолог.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Божем го смениле затоа што Сврделот беше само со осмолетка, прикрпена по војната, а тој Граматниковски беше дипломиран правник!
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Полномошник на странката може да биде: 1) адвокат; 2) лице дипломиран правник кое со странката е во работен однос и 3) роднина по крв во права линија, брат, сестра или брачен другар – доколку е потполно деловно способен (чл. 81, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Медијатори можат да бидат адвокати, дипломирани правници или лица од друга професија, во зависност од видот на спорот, кои завршиле обука за медијатори и ги исполнуваат условите од овој закон (чл. 10, ст.2 од ЗМ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А, ако вредноста на предметот на спорот надминува 1.000.000 денари, полномошник на правно лице може да биде лице кое е дипломиран правник со положен правосуден испит и кое е во работен однос со правното лице (чл. 82, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)