динамичен прид.

динамичен (прид.)

Сега секому му се брза, никој нема време, а понекогаш и доволно нерви за да ги издржи секојдневните судрувања со луѓето на овој современ , динамичен свет.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Токму стилот на пристојност од педесетите се здоби со форма на глобален граѓански стил, кој ќе се задржи сѐ до денес, кога е карактеристичен за динамичните јапии, успешните млади деловни луѓе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Лири настапува како полн со моќ, динамичен учител во најчистото значење на зборот: додека предава, се препушта, и понатаму го прима новото и учи.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Транзицијата на книгата, од хартија кон динамичните медиуми го загрозува овој концепт.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кога егзархискиот митрополит Синесие отишол да моли за ослободување на некои затвореници, Хилми-паша му одговорил дека таквите “чесни“ луѓе, трговци и учители ги извршиле динамичните атентати во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Според Емил Сјоран да се мине од волјата да се биде прв во државата до состојбата да се биде последен, значи да се мине низ мутација на гордоста, да се замени динамичната со статичната лудост.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Динамично анемичен. Без душа, без глас.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сѐ беше толку добро инсценирано, како на филм. Како некој динамичен стереотип од приказна.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Помешаноста на различните раси, етнички и религиски заедници во муслиманска Шпанија ќе доведе до раѓање на една нова динамична и витална култура.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Можеби си во право, ќе додадеше Татко, нагласувајќи дека еден од мотивите за запознавање со исламската/османската/ориенталната компонента (во тоа ја вклучуваше и нивната мисија) можеби е токму тоа што таа не е мртва, скаменета, врзана само за османското и поосманското раздобје во нивната историја, туку таа е и понатаму жива, динамична, дури и продуктивна.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)