дилема ж.

дилема (ж.)

Книги есеи - Записи за нацијата и литературата (1985), Нови записи (1989), Македонски дилеми (1992), Резиме за мојата генерација (1998), Болно племе (2000).
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Јас тука, од мојот скромен поетски опит, ќе се обидам само да си ги преповторам себеси толку познатите и толку значајните белези со помош на кои поедноставно сум си ги разрешувал своите бројни дилеми во процесот на создавањето на песната.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Растењето е секогаш исполнето со судири, ломови, дилеми и застранувања.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Нема дилема - си помислив, многу скоро, можеби четврт час пред ние да стигнеме, на местово се гостела некоја мечка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Хорацио Цвикало, средовечниот актер, за кого дилемата „да се биде или да не се биде“ е постојано провокативна, било да се работи за Шекспиров монолог на театарската премиера или за „приказна од животот“, која ја реанимира над кафеанската маса, заклучува: - И што велиш, мил мој?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се потсеќам на зборовите на пријателот, сепак со задоволство загризувајќи го богатиот сендвич со шунка и домати, додека околу мене уважените учесници на собирот „Литературата и општеството“ весело наздравуваат до следната средба. – Колега, јел видите ово јебозовно дупенце – ми се обраќа новосадскиот професор, експерт за културолошки дилеми, но јас веќе отсутен, ѕурам на друга страна, во девојката во црн фустан, што лебдее меѓу потните гости како ластовичка во белузлавата магла на летната квечерина.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Третата премиса е дека разговорите кои што се потребни да се разреши оваа дилема се попречени бидејќи (а) доминантните говорници во групата која разговара го забрануваат дијалогот за проблемот; или (б) постојат надворешни пречки (како што се политички притисок, закана со насилство во семејството, културна или верска дејност), кои јасно забрануваат разговор во врска со дилемата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Значајните животни дилеми ги чувствуваме во нашите тела.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Второ, сериозни физички симптоми се јавуваат кога има некоја голема животна дилема, но поради некоја причина не се води разговор потребен за нејзино разрешување.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа нова положба исто така пренасочува кон размислата за природата на осознавањето, неговите специфики и историчност, посебно поради тоа што постмодернистичката дилема и пресврт (замена на парадигмата) со право го релативизираат семоќниот дух (ум), неговиот непосреден примат над сетилното и (по општите претстави) од понизок ред сетилно осознавање.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сепак е во право- Пупи Паф е нула. Нулата е нула, и нема дилема: пред себе без бројки трошка вредност нема.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тој недостиг од желба на субјектот суштински е поврзан со дилемата за желбата на мајката.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Парадоксот на втората дилема е во тоа што Кулик беше повикан токму како - руски пес!
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Парадоксот на перформансот на Кулик е во тоа што тој не сака да ја разоткрие својата посебност како руски уметник, туку се обидува да даде одговор на универзалната дилема во односот човек и животно, човековото место во природата итн. 10 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
За основната дилема на секоја државна уметничка политика - дали согласноста на мнозина значи и квалитет на некое уметничко дело - во овој случај не се расправаше.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ататурк во своите историски дилеми сакаше бекташизмот да го прогласи за религија на државата, но подоцна се премисли.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сè до лани не сум го имала тој проблем и таква дилема никогаш не ме мачела.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Честопати влегував во некои дилеми, бев многу молчалива, секогаш си наоѓав нешто да се измачувам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Решив на утрешниот “састанак” овие мои дилеми да ги поставам на дневен ред, иако знаев дека главна точка ќе биде мојот случај.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да, тоа беше гласот на чичко Љубе, немав веќе никаква дилема.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Повеќе