дефилира несв.

дефилира (несв.)

Оваа еднобојна, зимска студена и мразовита панорама, се разбива пред самиот Пазарџик врз безбројната, непрегледна и долга редица на еднотипски оранжерии, кои дефилираат пред зачудениот патник.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Настрана патриотскиот фолклор во кој врз географските карти на Франција истокот се прекрива со црнина, настрана децата што на бадник учат да пеат O, Tannenbaum! во слава на малите Алзашани, настрана школските одреди кои, со бајонети на пушките и со главите покриени со беретки со црвена туфна, дефилираат извикувајќи: „Алзас и Лорена ни ги земавте / но срцето нема да ни го грабнете“ - од тој пограничен сукоб избива еден вистински филозофски спор што останува со најголем значај.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Меѓу познатите рабини од Монастир, во авионската визија на раби Елеазар бен Цви, дефилираат стари и достоинствени ликови од една петвековна галерија на битолски рабини: Шломо бен Аврахам Хакоен, еден голем законодавец чии респонси се печатени во четири тома некаде помеѓу 1586 и 1652 година, исто така во Солун, прочуениот рабин Аврахам Фалкон роден во 1643 година, раби Шмуел Цадок роден во 1690, стручњак за религиозно судство и верска правда, потоа угледнот Бенјамин Медина роден 1730, раби Аврахам де Јехуда де Бутон кој ги напиша респонсите „Махазе Аврахам” печатени во 1795, Давид де Бутон роден на крајот од 19 век, учениот и почитуван рабин Бенвенисти бен Аврахам Гатења роден 1859 година, раби Аврахам Гер Цедек роден 1800 и Моше Шабат Камхи роден 1865 година кој инаку бил преобратеник во јудаизмот, потоа рабинот Давид Бен Шломо Папо чии прочуени беседи „Бни Меир” и „Пне Давид” се изречени во Ерусалим во 1914 и 1924 година, потоа сефардскиот мудрец инаку главен рабин од Ерусалим, д-р Ариел бен Цион роден 1913 година...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Пред неговите очи дефилираат потомците на генералот Селевк, еден од наследниците на Александар, митскиот цар на Македонците и на Грците кој завладеа со сиот дотогаш познат свет, според тоа и со Палестина и чии потомци, еден од кои е и Селевк почнуваат да ги хеленизираат и Евреите, особено дел од еврејската аристократија, забранувајќи ги нивните верски обичаи, внесувајќи го меѓу нив грчкиот јазик, а во Храмот на единствениот Бог, нивните пагански многубожечки симболи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Еден ден, заклучи рабинот на монастирлитската синагога по завршувањето на оваа ревија на мудреци што дефилираше пред неговите духовни очи, со одборот на синагогата, придружени од сопругите, секако и тој ќе ја посети Битола.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не можеме слободно ни да дефилираме овде, кучиња се настрвиле на нас.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Влезот на хотелот беше окупиран од постари момци кои како волци го демнеа „пленот“ - кој дефилираше пред нивните очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јаничарите дефилирале по градските улици носејќи ги тепсиите и по враќањето од султанската палата, тепсиите се поставувале на земја и следел невиден метеж и мала битка за да се приграби што повеќе баклава!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Низ романот дефилира и галерија препознатливи ликови на интелектуалци од Македонија, од двете парадигми (конфесионални), но и галерија ликови од јужнословенските и балканските интелектуални средини, кои на овој или на оној начин учествувале во балканското вавилонско прашање.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)