десен прид.

десен (прид.)

– „Ами за Сивета и Чулета како веруваш, бре татко, да за мене да не веруваш му рекол Силјан и си го собул објалото од десната нога та му ја покажал ногата кај што му била заварена“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тоа рече Божин и замавна со остенот на штркот, та беше го удрил по десната нога.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Македонија го крепи Урошевиот престол и македонскиот големец крал Волкашин е главниот советник и десна рака на Уроша.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
(Решително, со цврст чекор се упатува кон спалната, но во моментот пред да ја отвори вратата се појавува Духот на слободата во лик на убава девојка облечена во бела облека, со распуштена долга коса, со факел во десната рака и венец во левата).
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
На подот рогузина. На десниот ѕид долапче со чинии, под него стар ковчег. Неколку триножни столчиња. Бедно, но чисто.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
На левиот ѕид голем ѕиден сат во ореовина, на десниот огледало во широка рамка и неколку фотографии од серијата Геновева.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
На десната нога, лудо, Голем нишан има! Ов, аман, аман!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Голем нишан има, лудо, — Собуј ми скорен, Јано, Од деснава нога. Ов, аман, аман!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МАРА: Кинисувај, само со десната нога!... (Анѓеле кинисува, а Мара му фрла пченица преку главата и така излегуваат; при преминувањето преку прагот Анѓеле ја турнува стомната со вода, која се истурува, а која од порано е наместена.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Но, Илија со едно замавнување со десната рака, во која го држи ножот, ги одстранува обете и тие продолжуваат да си ги кубат косите).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Мече ја крена десната нога, лицето му се грчеше од болка и уплав: меѓу прстите му се беше впила голема набабрена пијавица.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Дедо Сталин си напери една пушка убојна. Дедо Сталин, тој му тргна во десното крилце му.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Овој го дочека, го стисна со левата рака околу врат додека десната ја држеше над него како да го посолува со нешто но веќе Андон му притрча отстрана и му се фрли в нозе а јас преценив кај е најслаб противникот и му се обесив на грб.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се насмевнуваше како човек што пред секој изгрев пие рицинус; ме удираше со белите прсти по темето и шушкаше низ змејските ноздри: - Со лева не се црта. Тоа е богохулство. Затоа луѓето ти личат на дибеци. Со десна, дибеку, со десна.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Купувам старо, ревна ненадејно од ќошот Баждар нишајќи се во црното палто и со префрлена стара вреќа преку десното рамо.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но на Салила не му беше му било „пишано" тука да загине, та бајонетот во темницата беше го прободил лесно крај десните ребра и така жив беа го закопале.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од десната страна на огништето слободниот простор се вика „машкиот кат“, а од левата — женскиот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Трајко легна, и бидејќи цел ден го тресе ралото, по пет десет минути заспа. Само Илко долго се префрла на амбарот, ту на десната страна, ту на левата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да ја распалам твојата болна душа и да ја разбудам својата. Таа имаше мал белег под десната дојка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Десната страна на лицето со страсната ноздра му се покриваше со секакви влакна. Имаше два различни профила.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе