депеша (ж.)
Ниедна депеша преку нас не поминала. Непозната работа, вели...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Брзо се испраќаа депеши, по радиоврски, до врвните власти.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
А колку лесно пишував тогаш семожни предолги дипломатски депеши и извештаи кои, сите заедно, денес не вредат речиси ниту една страница од писмо напишано од Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Бев катадневно готов да пишувам десетици страници депеши, опсервации, извештаи кои, на крајот од годината, надминуваа и илјада страници, а на Мајка постојано да ѝ ги одложувам одговорите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
По два дена стигна депеша: децата стасале во Солун. Добри се и ги бакнуваат.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Прекалениот дипломат, претседателот на земјата Лазар Мојсов, кој ги читаше моите депеши, ја разбра пораката на последната телеграма, нејзиниот код и суштина. Брзо реагираше.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој беше од суштинско значење за да ја напишам вистинската депеша!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Уште оваа депеша па на Мајка ќе напишам големо писмо, најубаво писмо, писмо на животот, писмо-прошка за сите дотогаш непишани, задржани одговори во мене.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Беше малку разочарана. Потајно се надеваше дека депешата е од Петар.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)