ден-денес прил.

ден-денес (прил.)

За да остават спомен за тој важен и радосен момент, го посадиле ова дрво, кое и до ден-денес, еве, сѐ уште живее. . .
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И ден-денеска некои племиња во Африка закланото месо од добитокот и дивечот го држат цела година нерасипано премачкувајќи го со мед кој не им дава на бактериите да навлезат во него и да го расипат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Таму, на Трескаец, за првпат го откри, а потоа, во Света Гора, и го домисли она што и ден-денеска го сокрива од луѓето и поради кое мисли дека е неподобен за вршење на свештеничка работа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Како дар на времето, да се паметува, тие, војските, и горе над шумата и долу во ливадите, оставија мноштво окопи кои и ден-денеска полека се затрупуваат од ветриштата кои дуваат од север и од северозапад, од кај Прилеп и од кај Крушово, направо низ влезот на Потковицата, и од наносите на пороите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Поради него, поради Акиноскиот што молел тука, кладенецот го завикале, а и ден-денеска така го викаат, Молитвена Вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во тоа недалечно време, како и сега, луѓето во минаотото бараа некои вистини што и ден-денес не им се непознати, вистини на ловечките души. Толку.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Шетајќи по планината, стигнавме токму овде, на ова место, го паметам по камењава што и ден-денес се неизменети.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тоа дали е „на” или „над” и ден-денес предизвикува расправии, особено меѓу историчарите на уметноста и теолозите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Некои негови композиции и ден-денес се изведуваат.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Имаше голем процент на омраза и страв во мојата уметност и сѐ уште ги има ии ден-денес.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Јас само пиев; не пеев и не играв; не учествував во таа простачка оргија на Фискултурецот, оти го мразев (и ден-денес се прашувам дали тој навистина толку лошо пееше, или пак јас, затоа што ја сакав Луција почнав пониаку да гледам на него).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога ќе се сетам, ми се плаче и ден-денес од големината на таа моја среќа, тој прекрасен понеделник.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
(Тоа воопшто не беше вистина, и јас не знам за таква епизода во Декамерон; и до ден-денес не ја сфаќам смислата на таа импровизација на Земанек, која набргу стана моја реалност, и јас ѝ се покорував, како и на секоја друга реалност!)
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И ден-денес се сеќавам на сѐ: на мирисот на нејзиното црно трико, во кое изгледаше величествено; се сеќавам дека трикото беше отворено токму кај стомакот, и јас за првпат во животот го видов папокот на Луција, нешто што потем ме прогонуваше цел живот и ми раѓаше сосема чудни и не сосем јасни телесни желби; се сеќавам на мирисот на нејзината коса, фатена во опашка што ѝ паѓаше речиси до половината (мирисаше на цимет), коса што додека ја поткревав ме галеше по лицето; се сеќавам и на полуиспотените раце со кои ме фати околу вратот кога доскокнуваше, што беше сосема непотребно движење од нејзина страна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За жал, до ден-денес, отпремнината сѐ уште не е исплатена и покрај обврската да се исплати пред работниците да аплицираат за паричен надоместок по основ на привремена невработеност во АВРМ – Центар за вработување Велес.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Зошто ние учевме грчки ниту до ден-денес не ми е јасно!?
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Но, за жал, до ден-денес овие нивни побарувања (платите и придонесите) се неисплатени. Тие досега не побараа присилна наплата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мнозина од вас знаат дека нема метро со кое да се измери височината на татковската гордост од првороденецот која расте и ден-денес барабар со нашата загриженост за економската криза и општите состојби.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Јас не се сеќавам на ниту една манџа од кујната на нана ми, а сепак ден-денес го чувствувам мирисот на запршките.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Еден мој пријател, ден-денес раскажува за тоа кога колата му заглавила во длабок снег.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Повеќе